Дали некој знае од каде во Скопје можат да се купати тиа малите огномети 10 пати што пукаат? И на Бит пазар дали има овој период од годината? И цена ако е запознаен/а
Во полиција рекоа дека нема проблем. Секој си има различен имот и се води на него. Единствено за детево бидејќи е на адреса на татко му ќе ми треба полномошно во мене ако патуваме сами.
Успеав да се најавам конечно, пробував секако не можеше подолг период ама еве сега успеав, имало некој проблем веројатно.
Здраво пред извесно време менував податоци па ќе ти објаснам. Прво ти треба извод од матична книга на родени за двајцата не постари од 6 месеци. Можеш преку интернет да аплицираш за тоа. Јас преку интерет аплицирав и за 3-4 дена ми беа готови. Ми стигна маил за истото. Со тие изводи одиш во матично каде што треба да бидете присутни и двајцат аи да носите лична карта или пасош. Те прашуваат тебе за кој термин го сакаш. Ако сакаш во матично 150 ден се плаќа отприлика и во Скопје се закажува во просторијата кај што се вадат и изводите, има посебно собче. Ако сакаш на друга локација која не е матично треба да одиш на друго место кај министерство за образование се наоѓа и треба да платиш 6000 ден и кусур (не ме фаќај за збор). Дополнително уште тогаш треба да се определиш кое презиме ќе го земеш. Венчалниот лист го добиваш на денот кога е церемонијата закажана за во матично. За брза постапка не знам колку време треба за лична карта, али за пасош мислам дека или 24 и 48 саати. Провери на нивната веб страна. Кога ќе вадиш нови документи ќе ти треба лична карта од мажот за промена на податоците и копија од извод од матична книга на венчани или родени. Се надевам ти бев за помош.
Неможам да најдам соодветна тема па ќе ве прашам тука, барам некоја слика со мотор со порака/текстови на инстаграм ако знае некој нека ми каже. Благодарам однапред
Ти благодарам @IChika Дали знаете само колку порано треба да закажеме? Дали пример можам денес да закажам термин за 2 недели за во матично?
Може уште денес да отидеш во матично и да прашаш кога има слободен термин во следните две недели, да одлучиш и да закажеш. Истиот ден треба да се изјасниш дали го задржуваш, менуваш или додаваш ново презиме. На денот на регистрацијата го добиваш изводот на венчани.
@Annath благодарам девојки. Малку сме ограничени со време. А проблемот е што дечко ми не е тука моментално за веднаш да закажеме. Не може само да одам, да дадам податоци и да резервирам термин, нели? Мора и изводите веднаш?
Знае ли некој дали и ако да каде во Македонија се продаваат Heets за IQOS? Ми рекоа имало во Тетово ама не знам никој од таму за да ми потврди.
Нас свекрвата ни закажа термин уште пред еден месец, а сега ние кога ќе си отидеме(пред датумот) ќе одиме до матично само да ги дадеме документите. Она беше за да ни го чуваат терминот бидејќи е во недела и заради гужви.