Дали сте праќале кодови за наградната игра на Скопско,ми покажува дека нема повеќе залихи од наградите,а таман собрав поени.
Каде поточно се наоѓа управата за водење матични книги во Центар? На сајтот стои: Подрачно одделение Скопје Ул. Кеј Димитар Влахов бб Нешто во близина?
Другарка праќаше и знам ми кажуваше дека сакала и скара но се потрошиле.Штом ти покажува дека нема залихи значи нема награди потрошени се.
Стара Главна Комерцијална банка, истата зграда буквално, влезот е од страна на Вардар Од другата страна на зградата е средно музичко и факултетот исто.
Уствари само за тоа Скопско експирианс може да земеш награда али како иде тоа те шетаат во скопска пивара...
На фб во коментари се жалеа дека и по 2 месеци уште не добиле награда, а првичното правило било после 7 дена доделување,ама им текнало да променат.
Здраво Каде да пишам Емаил на wizzair ● повеќе пати се обидував да резервирам карти со мојата картичка Но неуспешно. ○ пари повлекле Но карти немам и поради тоа од друга банкарска сметка успеа. • сега сум на мојата картичка без пари, а карти имам резервирано од сметката на мајка ми. Како да ми ги вратат парите од мојата сметка. Во К.Банка ми рекоа да пратам Емаил на визаир. Но не знам на која Емаил адреса. Помош??
Некој што бил или ќе оди во ДМ дали може да види цените на колор шампоните како се движат? Кај нас нема ДМ..
Апликацијава МојДДВ дава само дневни трансакции ? А за цел месец, каде да проверам, зошто и на УЈП страната нема таква опција кај мојот профил ,,,или јас не ја гледам таа опција ? wizz.ads@ink-global.com ако не ти одговараат на мејл, може да ги замолиш во банка да ги стопираат средствата поради тех. грешка во Wizzair.
Треба да одам на санитарен преглед.Знаете ли каде точно е тоа ЈЗУ? И дали има врска храната што сум ја јадела последните два-три дена била мрсна или блага,дали ќе влијае на резултатот од изметот?Многу би ми значело ако некој поупатен ми одговори бидејќи прв пат одам,а важно ми е.
Тоа може се да значи, буквално сите работи да им ги трчкараш. Побарај си детален опис на работа, практично како ќе ти изгледа еден работен ден или една работна недела. Ако некој претходно го работел тоа таму или ако има некој друга што моментално го работи, збори со неа најдобро.