Има ли некаква шанса во оптика да се стават други рачки од очила за сонце, малата ми ги скрши... А омилени ми се
Рачките се составен дел од оквирот што значи дека треба нов да земеш. Види во оптика Орбис во ГТЦ. Јас имам оттаму купено од францускиот брендот Julbo.
Каде во Скопје има продавница за квалитетни тапети и од големите слични постери за на ѕид? Тенк ју однапред
Знаете некоја страна на Google на која можам да ги гледам преку телефон во живо програмите на телевизија како што се канал 5 и сител?
Ми треба стан или спрат од куќа во Гевгелија за краток временски период, кај да барам на пазар3 ништо нема.
На фб има група ,,цимер, дека си бе цимер'', има многу членови и групата е за барање на цимери и барање и издавање на станови/соби/куќи. Обично постовите се за во Скопје, но има многу членови, па ако побарате може ќе се најде некој што ќе ви понуди
Девојки од Скопје, ми треба шминкерка што ќе работи во недела на 18.08. По можност од Центар, околу Олимписки и слично. Ве молам ако имате контакт од некоја, ептен ми е итно. Однапред фала
Me interesira nesto... Zosto mojot pradedo od strana na tatko ima razlicno prezime? Tri generacii sme so isto ,samo tie razlicno . Dali nekoj znaj da mi objasni tocno ?
Порано како доаѓале Србите, Бугарите... така и презимињата се менувале. Кога почнале да го попишуваат населението, на некои им го оставале фамилијарното презиме, а некои ги прашувале на пр. како се вика дедо ти? Петре. Епа вие Петревски ќе бидете. Еве на баба ми татко и и неговиот брат имале различно презиме. Можеби и во твијата фамилија тоа е случај. Можеби многу лаички објаснив, ама се надевам ме сфати.