Знам дека е лето и сезона, утре сакам да одам до Грција и некаде пред 9 ми е план да поминам граница. Дека недела, колку време од прилика би се чекало, има многу гужви? Фала
Имам чувство на печење во ноздрите откако ќе ставам капки за нос. Ќе ми се одзатне носот но многу ме боли внатрешниот дел како иритација одвнатре. Користам септаназал капки, сум користела и оперил но и од нив многу ме пече. Аквамарис што е солен раствор не ми прави иритација но не ми помага воопшто. Некој совет?
Веројатно некоја лековита супстанција не ти одговара, па ти прави проблем. Смени ги капките. Или во аптека со фармацевт консултирај се што ќе ти препорачаат како замена.
Дали со 24ка можам да стигнам до болницата 8ми Септември? Ако не, во кој автобус треба да се прекачам и каде?
Може, ќе се симнеш хотел Карпош или Лептокарија (мислам дека хотел Карпош е поблиску) и имаш уште 5-10 минути пеш.
Девојки дали знаете негде кај што сте биле во Грција сместување за 2 лица, во агенцииве нема ништо се е зафатено? Доколку имате нешто бројче би ми значело..
Пали колата и оди на лице место, ќе најдеш милион пати подобар смештај него преку агенција. Или booking, airbnb и сл.
До колку евра по ден би дала? Најефтина а најсигурна варијанта е на google maps да го зумираш местото кај што сакаш да одиш. Ги дава сите објекти и контакт, па можеш директно да им пишеш, да прашаш дали има слободни места и која е цената. Некои и на самиот google maps имаат ставено цена
Заради уписиве на факултет сигурно има гужви, Да не знае некој сега колку се чека за издавање Извод и Државјанство? Итно ми е потребен одговор
Јас вадев во јули ради уписите. Државјанството одма ми го издадоа, на лице место го печатат. За извод се чекаше 5 работни дена. Сега чекаат и повеќе, така ми кажаа другарки шо сега вадеа изводи...
Незнам дали е за тука прашањето, имам машина за печање на леб, е сега полу жив ми излезе, а беше на соодветната операција од 3 саати, што да правам?
Да го допечиш. Има опции колку печен да го вади, не значи дека ако се печел 3 саати е “препечен”. Препрочитај во упатството.
Можеш онлајн да си платиш и нарачаш, и за некој ден ќе бидат готови. Ќе те известат по мејл. Така ти е најдобро Ова за изводот. Државјанство вадат веднаш во Мвр.
Прашањево е многу глупо ама не сум глупа колку него, ете баш сега си размислував, па да си прашам. Кога на факултет за упис носевте документи ги носевте у некоја папка, оние проѕирните од 2ден или без никаква папка?
Не ти е глупо прашањето. Јас си ги носев документите во папка затоа што на мојот факултет бараа да бидат уредно доставени. Ако сакаш,стави си ги во папка,бар така нема да ти се извалкаат и извиткаат.
Да се обидам уште еднаш, каде можам да најдам ванила во прав? Во многу маркети барав, не можам да најдам, во ВЕРО ЦЕНТАР ми рекоа дека одамна држеле ваков грчки производ, но веќе не увезувале, те молам кажи ми каде конкретно имаш видено. Спојлер [ ]
Земи си од тие пластиките за 2 денари, стокмени ќе ти се сите документи кога ќе ги носиш. Ако не треба, ќе ти ја вратат и ќе си ја имаш за сите 4 години кога ќе носиш секакви документи на Студентски Досиејата на Студентски ги ставаат во свои хартиени со број на досие и твојата нема да им треба.