По колку време стига на емаил? Вчера го купив, ми стигна порака дека е наплатено а на емаил ништо не е стигнато.
На мејл досега веднаш ми стигнувало, а и откако го купувам, на самата страница стои како документ во pdf верзија за да го симнеш веднаш.
И јас не се регистрирам. Немам кориснички профил. Буквално штом заврши моментот на купување си го симнувам осигурувањето. Или од страницата или од мејлот. Не сум имала потреба досега да се логирам или регистрирам. Штом ти е платено, ја имаш направено трансакцијата, верувам дека има мејл/телефон за контакт да прашаш што е работата и како да го добиеш осигурувањето. Најмалку 10 пати имам купено онлајн од Еуролинк и секој пат успешно
Дали може да се одјавиш од матичниот лекар да не ти биде повеќе матичен,притоа да НЕ се регистрираш кај друг?Привремено да немаш матичен.
Поправете ме ако грешам, денеска на работа во разговор со колешките дојде до недоразбирање. Имено, слатка павлака е всушност хопла, така?
Дечки, дали можам на некој начин да бидам оштетена ако некој ми ја има сликано личната карта? За потреба на еден документ беше сликана а не заврши добро односот па сега ми е шубе.... Некој кредит или сл да ме заглави???
Исто е, на некои пакувања дури стојат и двете имиња. Син на газда на позната фирма за малку ќе заглавеше една моја блиска особа во банка со кредит, уствари и не е толку едноставно ама бидејќи се знаат и со банкарот заедно правеле ујдурми. На истиот начин со сликана лична карта. Но тоа може да биде еден случај во сто такви. Така да мислам дека немаш потреба од грижа, ама пак ти ја знаеш личноста подобро. Друго што може е да купи број на твое име па да те заглави со сметки, или да злоупотребува пораки и повици во твое име.
Реално секаде бараат лична на увид, а и реално иако е личната доверлива често се копираат и приложуваат секаде.... Не го познаваме скоро ич, а и реално немаше директно проблем со мене, такада се надевам веќе ја има избришано.