Го преместив овде прашањето можеби ќе добијам побрзо одговор. Околу очите кожата ми е сува а на очниот капак и ме пече, кожата беше почнала да се лупи, не се познава ама ме нервира што ми е сува на тој дел каде е најнежна и најчуствителна кожата, прв пат вака ми се појави, дали знаете што да мачкам на тој дел, ви благодарам
Побарај во аптека дали ја имаат кремата Ertaczo или некоја друга која содржи sertaconazole nitrate, таа крема се користи кај перутење на кожата. Објасни им го проблемот ќе ти дадат некоја соодветна крема. Ако имаш кантарион премачкај се на тие места, или свари чај од камилица да ти се смири воспалението, па стави некој мелем од невен или друга хидратантна крема за лице. Од што мислиш дека ти е предизвикано тоа, дали од сончање или можеби работиш некаде со некои хемикалии. Се работи за лице и за очи, па не ставај ништо на своја рака, освен чаеви и кантарион.
Не е убаво на лице да користиш креми за перутање и за алергии кои се за тело затоа што содржат таму нешто што предизвикува длакавост, тоа ми го рече тетка ми, фармацефт по професија. А за камилица да, обавезно и после некоја хидратантна крема.
Ми се извади едното стакло од рамката на оптичките очила. Несакам да пробувам да напнам да го внесам, иако е целосно паднато не е скршено. Да не знаете каде можам да ги однесам да ми го вметнат, и колку би било?
Јас секогаш ги носам во оптиката од кај што ги купив и до сега никогаш не ми земале пари, а и да ти земат би била некоја мала симболична цена затоа што сепак нема некоја работа во тоа или пак трошење на материјал.
Два пара наочари сменив заради овој проблем. На крај заклучив дека е грешка во изработката и веќе не се вратив во таа оптика. Си направив во друга, и еве ги две години и ги нема да трепнат. Претпоставувам и кај тебе е тој проблем, дали и пред целосно да се извади стаклото ти беше малце излезено, т.е не влегуваше до крај? Ако е така изгледа ги има стругнато малку повеќе, па и да го ставиш пак, на некое наредно бришење на очилата пак ќе ти падне. Инаку јас сама ги местев, а можеш да ги однесеш и во оптика, не верувам дека ќе ти земат пари.
Во оптика, а за колку би било не сум сигурна, ама не би требало да ти земат кој знае колку, ништо посебно нема да направат.
Ги наседнав несакајќи и си искочи цело стакло, и пробував саама ама ко са несака да влезе еден дел, а мислам дека напнав доволно
Знае ли некој што точно работи во Луна паркот и до кога отприлика работат количките (што се удираат, не знам како се викаа) и вовчето?
Ајде јас со надеж дека некој ќе најде решение на мојов проблем. Кога ке се упалам од телефонот на интернет на домашниот вајрлес ми паѓа интернетот. Или кога почнувам да симнувам нешто од ови стор исто. И дома неам интернет додека не се исклучам од телефонот. Некој да не има поима шо ќе да е работава?
солидна опција е преку youtube downloader-от што автоматски ги конвертира во мп3 фајлови(избираш да се симне како мп3 песна не како мп4-спот) http://download.cnet.com/Free-YouTube-D ... 19434.html После тоа http://beemp3.com/ http://mp3skull.com/ http://www.4shared.com http://www.mediafire.com/ Последниов многу ми се има најдено! Цели албуми преку торент е најпаметно
Кога ќе го отвориш форумот, после сите категории, кој е онлајн, па имаш активни членови во последните 24 часа, и најдолу ти се родендените