Не знаев во шо тема и ај си реков овде. Заради спорто(за шо можи Симона друго да менва оператори?) се напрајвме од Телекабел на Тимобајл. Е са ми бапнаа едно бело в соба ми го акнаа то ти било и за ТВ и за телефон и за интернето,како нескафето 3 во 1.Океј. Е са мене ми е стра да гибам таму,зато си реков ќе ве прашам. Коќе сакам да го рестартирам интернето,кај треба да прицкам кај тој модемо на Тимобајл,треба нешо кабелче да ваѓам и да чекам 10тина секунди и пак да го клам,да не расипам нешо,м?
На рутерот позади имаш копче ќе го притиснеш два пати, и така ќе го рестартираш, нема потреба од страв, нема да се расипе. Исто можеш и да го извадиш адаптерот и после неколку секунди пак ќе го вклучиш. И двете опции се безбедни.
Јас имам Долче Густо кафемат.Не е истиот од сликата мојот. Јас, и моите сме доста задоволни од него, порано доста често го користевме и пиевме такво кафе. Ми се сфиѓа тоа што имаат широк асортиман на кафиња за сечиј вкус и тоа што за неколку секунди можеш да имаш топло/ладно кафе без да се замараш со подготовка.Ставаш капсула и кафематот ти дава прекрасно кафе за неколку секунди. Плус знам порано во Нептун во Сити Мол, доста често имаше акција на капсулите, па можеше за убава цена две кутии да се земат. Според мене, исплатлив капитал е.
Пинк книжарата во Битола, знам дека работи во Недела навечер исклучиво, особено за време на учебната година. Да не знајте од колку до колку случајно?
Не, можеш и други капсули. Имам и јас машина, вчера прв пат праев кафе значи преубаво кафе е. Е сега има на алиекспрес пластични капсули во кои можеш да ставиш пржено мелено кафе и да правиш какво сакаш.
Која фирма на маркери се најквалитетни? Некои ми требаат што не се трошат по подвелкување 30 страници у скрипта. Земав од Џамбо едни, викендов 2 ми откажаа одма.