Да на андроид сум, и ја имам таа апликација, ама во неа ми стојат сликите што сега ги бришам, во неа можат да стојат 60 дена и после трајно се бришат... Ама прашањето ми е дали воопшто постои сигурен начин да се вратат слики и видеа после форматирањето? @СуперДевојка Значи викаш дека сега е џабе се? Уф како можев бе
Photos апликацијата што е од самиот андроид, со вртимушка иконка што е, не би требало да ти ги брише после 60 дена. Буквално на неа чувам сѐ со години, и од предходниот телефон, и ништо не е избришано. Расчепкај ги опциите да видиш како ти е подесена, за сите содржини отсега да ти се зачувуваат во неа, за да не ти се случи другпат вакво нешто, зошто сега џабе ти е, нема апликација што би ти ги вратила.
Да така ми е во апликацијата со години, за 60 дена перманентно се бриши се од корпата... Не знам веќе кај да барам, за натаму ќе средам, ама сакам да си ги вратев некако старите видеа Јас преку DiskDigger претходно имав враќано слики стари со години, ама сега после форматирањето не се враќаат...
Од скопје. Сосема заборавив да напоменам. Знам за кој маркет мислип, сум била сто пати и не сум се сетила да проверам. Фала ти
Перници за спиење каде има? Опремувам стан и милион прашања ми стекнуваат исто и навлаки , постелнина
Исто во Fresh viva има многу убави , плус намалени се од 300 на 120 ден, јас купив 2 многу ми се погодија, ептен им ја изрекламирав продавницава
Срамота е уште да се носат штикла-сандали? Сакам да кажам,касно е веќе за овие? А,други и немам баш...
За во дискотека планирам да ги носам,овака денски-не. Иде зима,а овие се така полетни.Ама мислам по дискотеки уште ги носат,не знам. А,од друга страна да не се посрамотам. Ич не знам дали да ги носам или не. Изборот ми е или овие или патики. А,со патики ич не ми оди овој аутфит...
Ама глупост една направив денес уште ме држи нервоза и ми иде да си ја удрам една. Целата избезумена на мм му се слоши и бев до аптека и назад враќајќи се со колата сум возела 2-3 км со крената рачна и сфатив дури кога се паркирав иначе си возеше најнормално и тогаш кога излегов ми замириса така некои минутки на изгоренко и прекина. Што може да се оштети и голема ли може да биде штетата од тоа? На мм не му реков ништо од страв дека ќе се лути а мене ме јаде грижа на совест.
Ламелата се оштетува кога така мириса, јас кога вежбав рачна за полигон неколку пати така замирисуваше. Се менува тоа по извесен период откако ќе ја имаш колата, ништо страшно.