Благодарам. Која иронија бе, полни сте. Мислев дали во Беко, МТВ или во локална станица? Да не даде Господ цела чанта да ви ја украдат. Засрамете се.
Полиција, било која станица, а документи откажуваш во службен весник, кај Буњаковец е тоа. Мој совет ти е да откажеш се од картички, а за документи почекај викендов, може ќе го најде некој, да не вадиш одново. Зошто штом го пријавиш ќе ти бидат веќе поништени.
Сеа загинат ти е новчаникот или украден? Ако ти е украден у полиција ќе пријавиш фала богу. Ако ти е изгубен објави по социјалниве мрежи у кој реон мислиш дека ти паднал, може некој го има најдено.
@John Snow нема проблем. Да имаше грам култура ќе се извинеше. Тоа ти покажува само каков карактер имаш. Не е убаво да се потсмеваш. Да си знаеш за себе.
Извини,но шегата на Џони е на место. Новчаникот/Паричникот не може да биде загинат,туку загубен,изгубен или украден.
@lawyermm Женско сум.Читај,ми пишува под аватарот. Знам за дијалектите.И јас не пишувам и не зборувам литературно 24/7. Но,не би го употребила тој збор за паричник. Некој кој не е Македонец не би ѝ го разбрал прашањето. На пример,овде живеат Албанци кои не разбираат добро Македонски. И да сакаат да ѝ помогнат,нема да можат затоа што не разбираат или знаат само литературно да се изразуваат.
Ти препорачувам да земеш часови по македонски јазик, за да можеш да разбереш некои работи. Во Македонија освен литературниот јазик, застапени се и дијалектите. Загинат значи изгубен, кога вака си неиформирана не се контрај.
Ептен значи се тупи на форумов. И да, на дијалект е. И што? Не гледате да си помагаме помеѓу себе тука, туку само да се критикуваме за дијалекти или не знам што. Од каде знаеш ти што ми се случи и во која паника бев пред саат време? Државата ја градат луѓето.. Ние сме стасани до степен да се неќе е град со град. @LiliBoz фала на поддршка.
@lawyermm остави ја. Не дај Боже нешто лошо да и се случи. Не знам дали попрво ќе гледа помош да побара или ќе гледа дали на чисто литературен јазик да зборува. Peace.