Здраво, ме интересира дали некој ја има пробано неутралната Активиа и дали може вкусот да се спореди со оној на Greek yogurt? Не сум читала, ама и не верувам Активиа да има протеини во количини колку што ги има во Greek yogurt aама прашањето е повеќе околу вкусот. Дали е можеби сличен? Најдов милион и еден рецепт за смути ама со употреба на Greek yogurt, а досега сум видела само во веро за некоја луда цена, па ми текна на активиа. Фала!
Не знам дали може истото да се употреби и за смути, ама мајка ми како супститут за greek yogurt при готвење знам дека понекогаш користи крем сирење.
Како се викаше веб страната за онлајн нарачка за алкохол? Знам дека можеби ги има повеќе, но една барам, порано ја имам гледано не знам дали постои уште. Секакви алкохоли има, од вина до жестоки. Ај плиз хелп.
Знаете некоја онлајн продавница на фб каде можам да најдам сет од различни чешли за коса? Мислам со различни запци да се.
Може ли некако да се направи книга во пдф формат што е, на една страна да нема многу натрупано текст?
Може да се вратат парите, пиши ми порака, не можам да ви пишам не ми дава опција за порака, ќе ви објаснам подетално.
Врати им ја, се надевам ја имаш фискалната. Имаш фора 2 недели да вратиш/ замениш. Купував и јас за внук ми исто толку платив за на крај да не е ок. Заменив и побарав да тестирам дали е функционална таму.
Не е таа. Оваа што ја барам изгледа не постои веќе. Имаа веб страна и директ од таму можеше да се порача. Како и да е, и оваа е корисна, гледам имаат ФБ, ќе разгледам таму. Фала.
Не е ни оваа. ebar.mk или нешто слично беше, само изгледа не постои веќе. Како и да е, фала девојки, и овие што сте ги постирале ми помогнаа.
Бев да ја вратам ми велат била исправна. Им кажав дека треба да ја поработат за да видат каде е проблемот оти некогаш оди без проблем па закочува и така цело време. Таа ја пушти само напред назад и толку. Работи вика. И си замина ја остави како демек сакаш земи ја сакаш не. Ме прави будала батерии земи други. Само што се вратив дома зедов нови и пак истото. И им снимив и денес ќе им одам пак. 500 ден плус дадов за батерии. Најмногу се нервирам што малото многу ја сака и плачи оти не му работи.