До 10 работат. Јас ја земав пред еден месец и ми ја дадоа мене. И на уште неколку мои познаници им ја дадоа, незнам зашто ви ги задржале
Знаете ли некоја страна на нет каде што ќе можам да напишам задача и да ми искочи решението, а по можност и постапката на задачата?
Некоја убава посвета за среќен брак? (Пишав овде дека е попосетена оваа тема) И уште нешто. Си земав е банкинг на Стопанска, ама не ми отвара нешто. Да не знае некоја што како треба?
^^ Нека заедничкиот животот кој го започнувате денес биде исполнет со многу бакнежи, силна смеа, добро здравје и непрекината љубов засекогаш. Добриот живот започнува тогаш кога престануваме да бараме подобар. Нека љубовта ви биде патека по која ќе чекорите, бидејќи среќата чекори по истата. Ви посакувам мир во душата, сјај во очите, насмевка на лицето, љубов во срцето, среќа покрај себе. Нека секоја желба ви биде стварност а секој обид успех. ____________ од се срце ви посакува среќен брак. Единственото нешто што ќе чкрипи во вашиот брак, да биде вашиот брачен кревет.
Да не ти згрешам, или утнам нешто, еве ти убаво објаснето и со со пријавата да ја изпечатиш ако можеш. http://www.uvmk.gov.mk/?q=node/44
Потребни документи: Лична карта на законскиот наследник Барање за издавање на извод од матична книга на умрени 100 ден. административна такса Уплата од 50 ден. на жиро-сметката на Управата за водење на матичните книги НАПОМЕНА: За издавање на интернационален извод од матична книга на умрени во горниот дел на барањето потребно е да се напише „ИНТЕР“. Во уплатницата кај делот означен со ХХХ се пополнува ознаката на општината. Eве ти што треба.
Не е потребна дозвола од полиција. Ако си на ВИП, ќе пратиш SMS " SUPER " на 140733 ако си Постпејд корисник или на 140744 доколку си Припејд. Цената на услугата е 250 денари мислам. Месечно.
Дали некој ги има користено витамините од ВИТАМАКС? Не можам моментално да најдам слика Пишува Меga vitamin for teens, во Зегин ги забележав, намалени се на 105 денари. А?
Полиција ако веќе бараш лични податоци (име и презиме) на тој што ти досадува. А за да го дознаеш бројот доволно е да се обратиш кај операторот, нема потреба од дозвола од полиција.
Девојки, не знаев каде да го поставам прашањево, па овде... Имам принтер веќе две години, и откако ни се потроши бојата (кертриџите) не сме ја замениле, не можам да најдам никаде, а на едно место ми рекоја дека ја немаа и можеле да ми нарачаат со цена од по 900 денари еден. Реално да давам по 1800 ден. за месец-дена или покасно додека да се потрошат ми е многу. Го имам принтерот HP Deskjet F2420 и има потреба од два кертриџа, црно-бел и во боја.(изгледа сите имаат такви нели ) Прашањето ми е дали некој го има истиов принтер,каде и по која цена ги купува кертриџите? Еве ова е принтерот и тие.
Девојки сакам да прасам дали има некоја девојка- момце која зивее во Австралија ми требаат некои информации за таму...ве молам писете ми во лп....имајте пријатна вецер...извинете за писуванјето но ги немам сите букви ....позз
Сакам да прашам еве на пример јас студирав на универзитетот гоце делчев штип и оваа година завршив а ми остана 3 предмети до диплома .Ке можам ли јас оваа година пак да се запишам на истиот факултет но на друго подрачје ?? Знае некојј ??
Знам дека е дебилно, ама пошо тазе магистер сум, дури сеа почнав да аплицирам на огласи за високообразовни институции (не за друго, туку ете да си ја пробам среќата) и не ми се јасни некои работи. Поточно, не ми е јасен делот со барање на праќање на научни трудови (некаде стои и „објавени научни трудови“). На кои трудови ова се однесува? Влегуваат тука дипломскиот/магистерскиот труд или други некои си творевини шо сум ги создала за време на студиите (шо НЕ сум ги создала, бидејќи нели, презафатена бев со учење+работа+просечен домаќинлук). Аааахх, највеќе мразам кога ќе ти истече договорот за одредено раб.место кое ти било најпогодено у животов и коа треба да дешифрирам шо писателот сака да каже со одредени огласи
Теси магистерската, дипломската и семинарските не спаѓаат во научни трудови. Штом не знаеш, сигурно и немаш изработено научен труд. Тоа е обично некое истражување или експеримент кој е нов во таа област, кој треба добро да се обработи, да се рецензира и потоа се објавува во некое научно списание или се презентира на научен конгрес.
можеш ама вонредно мислам дека е.... ради тоа што веке имаш еден факултет кој не е дозавршен... или пак можеш првиот факултет да се префрлиш како вонредно, а новиот факултет да го запишиш како редовен..