Не знам зошто не пријавувате вакви ствари. Си требала одма штом си здогледала, без разлика дали веќе си имаат тргнато, можат од шала да ги најдат. Не сте ми јасни..
Јас во тој момент не знаев како се викам буквално, прво бев шокирана од тоа што го видов, а капак на се што тргнаа по мене срцев удар ке добиев од страв. Не ни можев во тој момент да ѕвонам на полиција и да објаснувам прво зошто знам дека нема да долетаат одма, ке испрашуваат на телефон како, што, а второ господава беа премногу блиску до мене за да го слушнат разговорот, двајца мажи по 50год, а јас девојче само, еден шамар да ми удри ако ме слушне дека викам полиција ќе ме онесвести или да ми го акне телефонот од земја. Немаше буквално никој во тој момент таму за да ми помогне. И да знаат дека јас сум ги пријавила па да ме демнеат пред врата да излегувам со страв од дома или да не излегувам. И се се случи многу брзо, не дека имав време да седнам да размислувам па да се јавувам во полиција и да објаснувам и да чекам некој да дојде. Они си отидоа и што ќе направеше полицијата ако дојдеше отпосле? Јас барам совет за во иднина да се спречат, а за прееска касно е..
Нема врска што немаш многу информации. Битно ќе го пријавиш случајот, да бидат информирани дека нешто вакво се случува. И подобро е директно во најблиската полициска станица да отидеш и да пријавиш, нека потреба да се јавуваш и да викаш патрола на лице место. А и верувај, полицијата си има начини како да дознае кои се луѓето, штом се над 50 години, ништо чудно и да им се познати.
Имаше елка столче, цела сцена направено ама јас кога бев немаше Дедо Мраз. Веројатно не стојат по цел ден.
Некој да ми препорача некаде во Скопје каде што ќе можам да урамам големи слики oнака само со стакло и шпер плоча (100x75cm), а да не ме фати ѓаволипол ако е возможно?
@Lostinparadise мислев на вистинско прасе, розево прасенце. Е знам дека ќе стане свиња после, ама па во двор можам да го чувам. се заљубив
Предлог каде зазимување или нова година негде надвор или во Мк. Да е некое планинско место.. Само да не е банско минатата год бевме.
Zenski dali nekoja od vas farbala vegi doma,moive se crni pa sakam malku po svetli ama neznam kakva boja da zemam i od kade.
Сте го користеле гел лакот на Catrice? Јас го купив од ДМ, ама дури отпосле видов дека е гел лак, па ќе ми треба некоја база или лампа за него?
Вака сеа... ме интересира да ми дадете совет за девојката сакам да и направам поклон т.е да и направам Ново годишно пакетче (фит) т.е со производи за здрава храна, намирници итн.. е сеа, јас ги имам купено производите, но во што да ги спаковам?
Рачунај треба цело време храна да и даваш и плус ќе мораш куќарка или нешто да направиш ваљда нема низ двор така да ја оставиш и плус гомна ќе треба да и чистиш ,не знам колку е паметно да се нафатиш да чуваш прасе кое за неколку месеци ќе стане свиња.