Може да трае 3-4 дена Се нанесува со мало четче ( мн е практично и лесно се става ) на вегите и се остава да се исуши 10-15 мин . Потоа само се лупи и толку. Не се размачкува со миење на лице
Тоа не е гел лак во смисла да се пече,тоа е гел лак што се разликува од обичните лакови во тоа што кога ќе го нанесеш подолго време стои.Налакирај си се и не му ја мисли недела дена за корекција
Оние што го слават св Никола односно им е куќна слава, се оди на 18ти, а оние што слават име Никола на 19ти
Се празнува на самиот ден 19ти, но и вечерта спроти денот-заслуг или кана, заслуг од заслужување или кана од канење. Се оди вечерта спроти празникот (18ти), дента на ручек, на вечера (19ти) и следниот ден (20ти) на патерица што се служи во чест на жезолот или патерицата на светителот. Само што денес некој слават на 18 и 19ти, некои само на 19ти, некои на 19ти и 20ти, а некој и сите три дена ги слави
Гледам по фб сет маса + 6 столици, 8500ден. На изглед не се лоши. Дали ги има некој, ме интересира какви се по квалитет? Се извинувам ако прашањево не е поставено во соодветна тема.
И јас се залетав по тие ама кога ги видов во живо колку се мали масите и колку неквалитетни се предомислив. Уствари колку пари, толку музика.