Или дека има само 10 години најубаво купете и некој детски парфем или дезодоранс има од Бон бон или од Орифлејм порачајте и или купете од друго место и од истиот нека става под мишка. Мала е 10 години за антиперспирант, зошто колку и да се поти не може нив потта толку да им мириса, сеуште мирисаат на млеко што се вика на десет години.
Да дополнам дека антипреспирантите не се нанесуваат на облека зошто оставаат бело(како пудра) а со дезодорансот можеш слободно да прскаш и на облека.
Кај се продаваат во Скопје балони со хелиум, ама од овие обичните, ме разбирате нели? Порано знам имаше на Максим Горки мислам, дали сеуште постои тоа? И цена од прилика за еден балон ако знаете колку е? А и веќе кога прашувам, едно прилично смотано прашање, ама ме копка во последно време, колку е просечен живот на една мачка?
У ГТЦ провери на втори спрат, значи најгоре, лево одма после скалите, има едно продавниче специјално за балони - таму јас купував за журки кога правевме и сакавме да се зезаме со хелиум Е сега по која цена се, не знам да ти кажам. Мислам до 50 денари ако е обичен балон, може и помалку да коштаат. Воглавно таму продаваат тематски балони за родендени, свадби и слични тракатанци. Сара - Пенти имаш на улица Македонија, на почеток, од десна страна, кога одиш од плоштад. Него, што по ѓаволите се ПЕДЕРКИ?!
^^^Јас колку што знам, оние чантулиња-кесиња што во последно време ги влечат сите машки Вака нешто Освен ако вие во СК немате нешто друго што си го нарекувате педерка?!
Oние што се носат околу струк, знаеш порано секој втор фраер таму си го носеше мобилниот, сеа преку рамо се носат.
Е фала многу, баш за обичен ми требаше Инаку педерка односно педеруша е ова нешто налик ранче, чантиче, за на струк што се носи.
По продавници за здрава храна можеби? Виталија, Нутри вита или да купиш кокос од маркет, па директно од него да исцедиш. Спојлер Густото кокосово млеко се подготвува со директно гмечење на дробено кокосово месо низ газа (на пр. за цедење на сирење). За добивање на ретко кокосово млеко веќе гмеченото месо се натопува во топла вода и потоа наново се гмечи.
Девојчики, каде можам да најдам убава хартија за украсување на подароци ? Тука вклучувам и некои врзувалки, украсни ленти во боја ... Спремам изненаџење, па сакам сама да си ги покажам способностите во пакувањето. Низ цвеќарите можеби ? И даваат така, да речеме украсна хартија/ленти на метро ? Цените не ми се битни воопшто.
Ленти на метро даваат сигурно во цвеќариве, ама за хартијата не знам. Инаку во Џамбо има многу убава украсна хартија, а мислам дека и ленти имаше ама не знам точно баш.