Знам дека прашував за прасе домашно милениче али се помирив со фактот дека моите нема да ми дадат во стан да го чувам..ај сеа да прашам дали некој чува/л верверичка и каде може да најдам кај нас? *да ме чита некој ќе мисли тролам, али на Инста ми искачаат преслатки видеа од прасенца, верверички, и други животинки и добивам фикс идеи
Верверичка е прилично активно животно, така да тешко како миленик да ја чуваш, дури и во двор, а не па во затворен простор. Сум видела и јас некои што од бебе ја чувале па се приврзала за луѓе, ама сепак не се препорачува да ја чуваш.
Види го бебето Во стан сум, нека трча кај сака.Многу се слатки. Значи Инстаграмов така ми влијае што да можам животинско царство ќе напикам дома. Моите ни за тоа нема да се согласат ама првин да се информирам дали има и каде. Мора да има некаде, а?
Не знам каде има и дали воопшто има, ама пак ќе ти речам, некои животни не можеш едноставно да ги чуваш како миленици. Еве и да најдеш. Ќе ти скока, растура, глода по работите, во затворен простор би било мачење за неа. Не е како маче, да седи мирна со саати и да ја галиш. Можеш да земеш маче, желка, папагалче, зајаче, куче, хрчак...
Желка во стан само водна..куче и маче неќат. Папагал неќам да ми свири по цел ден хаххајаа. Сакам да ми мрда нешто по дома, да го галкам да го негувам да го гушкам
Верверичката е заштитена со закон и не смееш да ја чуваш како милениче. Јаки ти се идеиве иначе. Што е следно? Крокодил?
Не..ќе ме изеде. Али се што е куче и помало од куче и скока и е меко и сака да се гали доаѓа во предвид.
Другар чува Верверичка,и е многу мирна и слатка,али и многу плашлива.Иначе ја купи од Бисер продавница за миленици.Незнам по која цена ја купи,али не беше многу скапа.
Оние ливчињата што ги оставаат во сандаче дека имаш нешто во пошта да си го подигнеш, и нели има во рок од неколку дена да го подигнете бла бла. И што ќе се деси ако одиш во пошта со ливчето после рокот што е на него? После 2-3 дена од рокот не месеци или години.,..
Страв ми е такви животни да чувам искрено. Не јадам месо и кога ќе посраснат ќе треба да го дадам да се коле, нема шанса. Сепак ништо што не може да заврши како оброк.И за прасето се премислив ради тоа.