Дали се работи во понеделник? Не знам дали се префрла или не од недела кога е Водици затоа што е верски а не државен празник.
Ми беше чудно затоа што внук ми почнува на училиште во вторник, наместо во понеделник. Нели почнуваат обично од 20ти, така што би требало во понеделник а не вторник. Тоа ме збуни најмногу.
Знам, и мене ме бунеше тоа што почнуваат на 21, но изгледа не е поради празникот, туку до бројот на денови во школската година. Понеделник е работен ден.
Второто полугодие почнува на 21 јануари согласно Календарот за организацијата на наставата во учебната 2019/20 г. што го објавува МОН. Во образование се бројат наставни, а не работни денови. Една учебна година има 180 наставни денови.
Некоја членка што има завршено или учи на фармацевтски факултет? Ми треба еден резултат да ми го протумачи во лп. @Dream-Girl мислам ти беше таму?
Дали некој знае да декодира? конкретно меил ми треба да се декодира, ептен ми е важно лично за мене. Ако знае некој нека ми пише ве молам.
Можеш во Тутунска ама со чекови над 300$ (иако јас мислев дека е со над 600$ ама сепак прашај пак). За други нема овде како што сум слушнала, најдобро ти е во Врање.
Најблиску што ми текнува е на Југодрво, кога идеш накај Корчагин има едно патче од лева страна и тука се наоѓа.
Има во првиот пролаз од Соравија накај Ирски бар од десна страна. Некако се викаше Нико___ не ми текнува баш на името. @Ilajla666
Каде во Скопје има интересни принтови на материјали, а и да се квалитетни и убави материјалите? Сум била на женски пазар и во МаТекс во Трговски, други?