Ако си за ефтина и вкусна варијанта , во етно стил Пуже во Свети Николе , ем вкусно ем ефтино , Во струмица Шалом ми е оставил добар впечаток по отмено е таму , и Пониква на пример Осоговски конак ем ке си се прошетате на снег и убаво ке си се најадете
Немам право да ги гледам ако се на интернет? Како со тоа нарушувам приватност? Не биди безобразен и да си правиш филмови во своја глава дека којзнае какви намери иам, глупаво и дрско од твоја страна на ваков коментар
@Antebellum како што ти одговори Анаја, тие 15 години се неопходен минимум стаж. Ако нема 62 години или колку и да е сега критериум за старост, ќе оди кога ќе го исполни критериумот старост односно кога ќе наполни 62 години.
Како вработено лице задолжително треба да си во 2 фонда, кои се задолжителни. Во првиот фонд се сите вработени лица на ниво на државава, додека пак со новиот закон од 2003 година се воведе и втор задолжителен фонд. Што значи за вториот фонд можеш да избереш помеѓу Сава, КБ или Триглав. Они како и да е веќе можат да те распределат во некој од овие фондови, но прво те прашуваат во кој сакаш да си ти.
Вака сега она во март ќе влезе во 14 години и треба да оди уште една година на работа за да наполни 15 години, или треба откако ќе наполни 15 години стаж да продолжи да работи? 15 години ќе наполни на 01.03.2021. Значи прашањето ми беше дали ќе оди во пензија во 2021 или 2022, бидејќи сега оваа година (2020) влегува во 14 години стаж. (Има години за пензија, ама немаше стаж.) Фала многу! *
Погледни го комплексот Лебедово езеро во Струмица на фејсбук. Имат вкусна, а евтина храна плус веднаш до тебе има езерце со лебеди. Исто, Бела вода, на патот меѓу Суви Лаки и Берово. Ако си во тој фазон, таму можеш да јаваш коњи. Мене многу ми се допадна, омилен ми е Букефал. Можеш и да преспиеш таму, смештајот им е топ. Цените им се малце поскапи. А, слушнав дека оваа година прават и ски стази, не сум била дали е точно не знам. Имат страна ма фб можеш да резервираш и таму, и во Лебедово езеро бидејќи имат многу гужва за викендите.