Сакам да прашам и замолам за услуга. Пред некој ден бев кај другарка, ми ја пеглаше косата и се заљубив во себеси од толку што беше убава пресата и преубаво ме испегла. Одма бев во Сетек, од таму ја купила и ја нема. На нет стои дека е достапна во Ресен. Да знам дека вистина ја има во Ресен одма ќе тргнам, ама не сум сигурна џабе да не шпартам до таму. Ако има членка од Ресен што случајно живее блиску до Сетек може да праша дали ја имаат пресава? http://setec.mk/index.php?route=product/product&path=10147&product_id=71327&mfp=manufacturers[204] Цел ден ѕвонам кај нив не ми креваат, пишав на сите можни места за контакт и мејлови и на фб и на инстаграм никој не реагира, во овој тука Сетек не знаат да кажат, а не се сигурни дека се ажурира редовно ова на страната...
Па би требало да ти ја донесат сами ако ја имаат на лагер, да им ја пуштат од Ресен во Скопје. Што им е работа. Не дека е задолжително, ама ако ги замолиш би требало да го направат тоа. Секако носат роба постојано, имаат возачи, може да се среди.
Ја има во Техномаркет. И јас сакам да купам преса па гледав денес на нивната страна. Доколку ја нема во твојот град има опција за порачка онлајн.
У Сетек се доста неуслужливи. Ги мрзеше да се јават да прашаат лаптоп дали има по други градови. И да имаат, нема ни да се јават, ќе ти речат ни рекоа нема. Преварантска фирма. Демек не било апдејтирано на нет така им стоело. А, да, може да ти го донесат до Ск или кај и да си, ако го порачаат. Но, сепак од мое искуство, не верувам да излезат у пресрет, персоналот им е чиста 0.
Кинезијо тајпинг колку помага оваа метода ? Каде може да се најде во Ск физио...што аплицира ваков метод ?
Зависи за што прашуваш. Методата како метода не ми е многу позната, ама траката на мене ми помогна кога имав спортска повреда. Ми даваше стабилност и ми помогна при итегнати лигаменти. Иначе Студио Алтернатива работи со лентиве. Ова од пред 2+ години искуство.
Да исто, ќе одев до Ресен да ја земам ако ја има ми вика не знам немаме систем да видиме и тоа арогантно и си зедов слична од техномаркет. И човекот 20 мин ми објаснуваше за преси, ми даваше предлози, сите ги отвори ми ги покажа... така и да сум само на разгледување ќе купам. Во Сетек имам долгови, да се исплатам и нема веќе да стапнам.
не знам дали е за во темава прашањето, ама има ли некој што прави гиро и носи достава во ова време? А, да не е фудио бидејки ниту се јавуваат на телефон, а и затвараат во 9:30. И гиро мамас затвара.
Која е разликата помеѓу кратка биографија и cv во некои огласи за работа некаде пишува да се испрати биографија некаде cv, зарем не е исто тоа?