Aко си пријавена за активен барател на работа, тогаш здравствено ќе имаш. Ако во агенција за вработување си се пријавила денес, може утре да имаш здравствено, а не денес, додека системот не ја прифати промената.
Дали во ГТЦ има некоја продавница каде што продаваат наочари за сонце и да не се многу скапи?? Не сум приметила затоа што повеќето се банки и продавници за облека...
Сите наочари за сонце кои се квалитетни и брендирани се релативно скапи и се продаваат во оптика или по твое, продавница за наочари. А евтини можеш да најдеш на секоја тезга, пазарче, па и во Рамстор има чат-пат. Често држат и по бутици и бижутерии. Е сеа, зависи ти што бараш и што можеш да си дозволиш.
1. Агенцијата за вработување одамна не е никако поврзана со здравственото осигурување, тоа ни е останато во глава од порано, ама одамна се одделени. Доколку си невработена пак можеш да имаш здравствено, и без да си пријавена во АВРМ. А доколку сакаш да си пријавена во АВРМ како невработено лице ( јас лично искрено не ја гледам поентата на ова, освен обврска секој месец да реално губиш време пријавувајќи се, бидејќи не познавам никој што АВРМ некогаш му нашла работа ) . Доколку сепак сакаш да те водат формално како невработено лице , повели како детално иде тоа АВРМ Воведување во евиденција . 2. Прашањето поврзано со сликата : ЕЗБО Мое осигурување значење + Не знам колку си запознаена со АВРМ начин на делување , ама како невработено лице имаш одредени поволности што можеш да ги искористиш ако не те мрзи како мене да бркаш документи вадење и имаш вишок време, затоа што знаеме колку е се спорооо кај нас . Имаш право на АВРМ Паричен надоместок , доколку на претходното работно место си работела најмалку 9 месеци непрекинато . ++ Сега пред избори имаш и АВРМ ИПВ Индивидуален план за вработување , што е фино да се искористи , пак ќе кажам ако имаш железни нерви за заебанции со административни служби . И сигурно знаеш , за месечни разни обуки и пракси организирање , ама тие се менуваат цело време , мислам дека на месечно ниво, и треба да ги пратиш активно и да аплицираш , зашто одма брзо се пополнуваат ( курс за шминкер, фризер, обука за Б категорија, компјутерски вештини итн. ) , а не е лошо да се искористи било што од државата што е без пари , нели ?
Ми треба превод на текстови станува збор за италијански јазик, е сега ме интересира дали би се нафатиле оние школи кои одржуваат курсеви по странски јазици само за превод на одредени текстови? ми треба точен превод, не од прилика, или ако знаете некој предложете.
[ Ти благодарам Инаку сега проверив и ми дава дека немам здравствено осигируање,а сум пријавена во Агенција на 18 Јануари
Pisi mi poraka jas ne mozam da ti pisam, ke ti objasnam za TOEFL kade ima, individualno samo so eden covek se drzat casovite ne kako grupa