Од тој каталог може да си одбереш производи и да ги искористиш поените, а не да купуваш само од тие за да добиеш поени. Годишно собирам поени од разни работи што купувам таму, па на крај на година земам производи од каталогот.
Каде земаат најниска провизија? Во комерцијална за 300 ден уплатница ми земаа 150ден провизија....поевтино ли е во стопанска???или која друга банка?
Мислам дека во Централна Кооперативна Банка е најевтино (60 денара мислам) А, во Пошта е најевтино (35 денара би ти земале)
За 300 денари 100 денари провизија? Јас знам кога уплаќав по 1600 денари ме земаа 35ден во Пошта, а во ЦКБ ми земаа 60 денари. Кога уплатив партиципација 6000 денари во Пошта ми земаа околу 150 ден провизија (пошто поголема сума беше).
@Tea678 Скала за вредноста за поштенска упатница: До 1000 ден е фиксна 30 ден Над 1000 ден до 10000 ден за поштенска упатница е 3%. Над 10000 ден до 12000 ден за поштенска упатница е 300 ден Ова го пишува на сајтот на поштата.
Каде да најдам вака за стопанска банка? Благодарам иначе, повеќе во комерцијална никогаш нема да отидам ццц
Ако се прави меѓубанкарски трансфер од една во друга банка поголема е провизијата. Може и затоа ти земале поголема провизија. За да намалиш на тоа ако треба да уплаќаш на сметка во стопанска оди во филијала во стопанска, не во комерцијална зошто имаш поголема провизија така.
Си има тарифа не им е од памет, не зборете глупости..и не е иста ако уплаќаш кон некои буџетски сметки и на пп10
За 300 денари нема шанси да ти земале во Комерцијална банка 150 денари провизија. Јас пред една недела плаќав таму три ПП50, за износ од 6150 денари платив 60 денари провизија, за износ од 200 денари платив 50 денари и за 50 денари платив 50 денари провизија. Кога ќе соберам вкупно провизија ме фати 160 денари. А кога имам плаќано ПП10 обична уплатница, тогаш помалку наплаќаат, колку пати имам платено само по 25 денари.
Во Стопанска пред една недела уплатив 6 150 на уплатница ПП50 за факултет и ми земаа провизија само 35денари. Исто и минатиот семестар имав повеќе уплатници и за секоја уплатница без разлика дали 300ден или 6 000 ми земаа по 35денари од уплатница.
Тука ќе најдеш...малку гугл не е на одмет https://www.stb.com.mk/ostanati-sodrzini/tarifi/tarifi-fizicki-lica/ Секаде се скоро исти провизиите, нема шанси да ти земале 300ден освен ако не си уплаќала голема сума.. Татко ми работеше во Комерцијална и знам дека во зависност кон кого уплаќаш и колку, таква е и провизијата