@lunicka онлајн плаќаш или на пос терминал во продавница. Ако е онлајн може да имаат некој моментален проблем со страната, ако е пос терминал и тоа не еден, мораш во банка да се јавиш ама тоа дури утре. Кол центрите на банките незнам дали се 24 часа???
Или ти е блокирана сметката или банката има проблем. Да е на еден ПОС терминал, ај може до него е, ама те читам викаш си пробала на повеќе места. Нас ни се има случено ова, во првиот случај беше блокирана сметка за ненавремено платен данок, во вториот случај банката имаше проблем со системот (Халкбанк)
Здраво. Имам прашање од административна природа во врска со факултет односно универзитетот Св. Кирил и Методиј. Конкретно, решив да дипломирам годинава, но на крај ке ми недостасуваат 4 кредити, се работи за програма 3+2 па сакам да знам дали постои можност да ја завршам обврската кон тие два предмети (од по два кредити), дали е возможно да се реагира да се полагаат одеднаш или пак тие кредити да се компензираат со пријавување на уште една тема за дипломска... не знам. Тропам глупости луѓе ама ептен сум изнервирана бидејќи не знам кои се моите опции и права и како можам да постапам а во студентска воопшто не се замараат, наједноставно и единствено решение е да презапишам уште една година. Предметите кои што носат мн позначителни кредити се положени, поентата е да не се влечкам и плаќам дупло, ќе седнам и ќе направам се што е до мене за да завршам, само сакам да знам како да се изборам за шанса. Доколку некоја имала искуство со предвремено дипломирање такви ствари или пак е запознаена повеќе со административниот дел од факултетите нека ме контактира во ЛП. (Се извинувам што прашањето е пишано тука, не најдов соодветна тема во Образование)
На економски имаше можност да ги доплатиш тие неколку кредити што ти фалат за дипломирање. Сепак најубаво ти е на студентски да си прашаш.
Дефинитивно оштетена е картичката. Со поднесување на барање во банката ќе ти реиздадат нова, ама мислам ја наплаќаат околу 300ден, ама веројатно зависи од банката, кај мене во Стопанска така беше.
Ако блокирам некој на фб а претходно си имаме пишувано, кога ке ги отвори пораките стои ли моето име и презиме и тоа што сме си пишувале или не ...
Името нема да ти стои, но разговорите мислам дека ќе стојат. Така беше порано, освен ако не смениле сега. Последниот блокиран ми беше оред 2 години и така беше тогаш.
Малце може да е смешно и чудно прашањево, но искрено и срам ми е да и се јавам на матичната и да ја прашам, иако и за тоа служи таа. Дали можам некаде да проверам од што ми се прават киселини во желудникот после некои јадења? За алергија сум проверувал, знам дека има за тоа, ама за ова не сум ни слушнал до сега.
Може не е алергија но можеби е интолеранција на храна. Јас напраив тест и откако ги избегнувам тие неколкуте продукти најбитни- подобро е.
Како да направам да не се појавуваат стрелките на видеото, овие од страните (10) за премотување, цело време стојат не се тргаат?
Штом ти фалат 4 кредити претпоставувам имаш еден предмет неположено, затоа со молба до деканот на факултетот да ти дозволи вонредно полагање на испит од неположениот предмет, или да презапишеш година заради тој предмет. Ако бараш да доплатиш за тие кредити не верувам да дозволат, но сепак пробај, со среќа.
@adventurous може ли да споделиш ако дознаеш од каде ти е кабелот Или можеби некој друг ќе сподели каде се наоѓаат профолжни кабли во боја Најдов. Еве некој ако го интересира, во Лидл ги има.