Може кај нас да го нема, а во други држави се може да се врати во одреден рок (пример 7,14 дена) ако имаш фискална и доволно е да не си задоволен од производот. Во Германија алишта можеш да вратиш во рок од 7 дена
Мислам дека може до 3 дена? Види агенција за заштита на потрошувачи веб страна или евентуално телефонски повик.
Скрос рандом прашање како се вика една македонска песна со руски ритам што ја вртат на радијата не ми излегува од памет ја слушам често дур возам, не го памтам текстот, мажи пеат?? Anyone help
Овде расипан да го купиш ќе се окозиш дури ти заменат или поправат, не па од лични причини. Иначе, тоа со агенција за потрошувачи што ти сугерираа е гола вода. Никој ништо не презема.
Не е легално сеуште кај нас тоа. Оди во Софија во Парадајс Мол направи договор и купи си. Ти следуваат по една кутија од сите вкусови кога ќе го купиш апаратчето. Башка сега и 3.0 моделот го има.
Нема кај нас таква навика за да ти врарат производ. Сигурно ќе ти речат дека веќе си го користела и нема враќање назад.
Од каде да купам микрофон за снимање, да не е многу скап и да може да се приклучи на компјутер без тие звучни картици и такви работи. А сепак да не биде неквалитетен.
Каде се наоѓаат Red One што беа во ГТЦ приземје карши Нино сендвичарата? Ми требаат два производи од кај нив, а сега таму има San Siro продавница.
Дали има начин да се видат отворените интернет страни од вчера, ако тие се избришани од History во хромот?
Дечки имате ли некакво искуство со патики Tommy Hilfiger? Како сте задоволни, дали се удобни, квалитетни? Се мислам дали од таму или од Есприт да земам сега за на пролет.
оди во сетингс во апликации и избриши од овде се , и ќе се избрише цела хистори , се што си пребарувала , и нема начин да се видат , инаку може доколку од пребарувач само си избришала
Конкретно ме интересираше за од компјутер. Нели во хистори се појавуваат кои страници биле отворени и лево квадратче да се штиклира за селективно да се избришат страници? Сакам да знам дали постои можност да видам дали нешто било избришано?