Имам слушнато дека ако имаш банкнота на која и фали делче (нели тогаш е неважечка) можеш да ја однесеш во банка да ти ја сменат. Тоа важи за секоја банка или во народна треба? Чисто ме интересира бидејќи пред некој ден една продавачка не ми зема пара зашто нема дел. За 10 денарка не е проблем, ама за нешто покрупно па, не сум јас крива што некој ја скинал.
Ми кажале дека во банка заменувале оштетени банкноти ама наводно зимале провизија, а дали може во било која банка да се замени или во НБ, не знам.. Повеќе пати ми се случило да ми подметат во кусур некоја скината пара и после на друго место да не ми ја примаат. Еднаш автобус ми се случи еден возач да ми врати поткината 10-денарка, а на враќање друг возач не ми ја примаше. Му кажав дека колега негов ми ја дал, и дрско ми врати 'па што си ја земала?'. Исто така во една продавница продавачка не сакаше да ми прими 10 денари и исто дрско се испонаша, па си излегов од продавницата. Каков е тој однос..како јас намерно да сум ја скинала парата па и големата пара...10 денари. Другиот ден во истата продавница (за жал морав да влезам таму) во другата смена продавачката сакаше во кусур да ми врати оштетена 50 денарка и тогаш јас не и ја примив и и кажав дека претходниот ден нејзината колешка ми одби 10 денари така да немам намера јас да зимам скината 50ка. Од тогаш си ги проверувам парите и ако некоја е фалична не ја зимам
Може во било која банка па дури и некои менувачници го прават тоа. Ако не се лажам земаат 10% провизија
Кај има ФФМ толку пари. Може на крај на сезона, на шампионот во првенството, а дали и тогаш е прашање. Тоа е политика на клубовите како и дали ќе ги наградуваат играчите, а со оглед на тоа што едвај опстануваат освен 2-3 клуба, само платата им е фиксна. А и таа им касни на некои клубови пошто немаат средства. Куршлус.
Може не е за тука прашањево ама не знаев каде да го поставам. Ме интересира дали фотоапарат може да закачи вирус?Пробувам прееска да префрлам слики во компјутер и ми вика дека има вирус.Ама што како ни самата не сфатив.
Moжно е мемориската да закачила вирус, ако ја ставаш во компјутер и преку неа ги префрлаш, а не преку кабелче. Пробај да и направиш формат, па ако и така не сака, консултирај се со некој поискусен.
Еее сеа следува едно потешко прашање за жени, ама ако знаат и машките нека кажат итно ми е. Во колата имам едно што свирка 90 секунди при тргање и на секој семафор ако немаш каиш на возачко и сувозачко. Е сеа, на краевите на каишот има пластчно такво со желевце што се става нели кога сакаш да стаиш каиш. АМА постојат и посебни пластични такви две што се ставаат и исто ко да имаш каиш а уствари немаш, и после ако сакаш и на нив има отвор го ставаш каишот, ама БИТНО тие две кога ги имаш стаено тоа осигурувачот не свири и не полудува. Е, прашањето е кај да најдам такви (претпоставувам пазарче, ама нека каже некој што има такви) и колку пари се?! Иф ју ноу уат ај миин.
Не знам каде има такви, ама место да купуваш и да не те полудува свирењето, можеш каишот да си го ставиш од позади грб
Да си ставиш каиш и да ти е мирна главата. Ем нема да свирка, ем си безбедна отколку без каиш. Не земајте си шанси.Подобро да се спречи отколку да се лечи и кука од после.
Појасите се ставени со намена, која е значајна за безбедноста на возачот и патниците, затоа Плавушке не барај алтернативи туку носи појас. Не е пријатно чувството првите неколку пати, после се е навика, чак длури и поудобно ќе се чувствуваш кога ќе знаеш дека си побезбедна.
На поголмите бензиски пумпи мислам дека имам видено такви,или пак во маркетите во делот за авто козметика има 100% .За цената незнам точно која е но предпоставувам дека не се повеке од 100-200ден
Знам, ама самото тоа што те приморува да носиш е лошо. Пример кога сакаш да отидеш негде во близина на 5 минути некое место мораш и каиш да врзуваш и се... а моите не ставаат каиш во градско а и на семафори ова свири и да не е згасена колата и стварно полудува засега ги ставаат каишите од позади ама стварно не се трпи тоа е за повнимателни шофери и споро што си возат или умерено мора да се набават такви инаку стварно иритира
плавуша 50 еуриќи е ако те фатат брз каиш,па сеа ти бирај. Обавезно ставај каиш и на сувозачко е задолжително,ќе се навикнеш јас веќе не го осеќам,рутина ми е
Да знаеш ти каков хематом се добива од мавање глава во шофершајба со возење 40 у сообраќај... Не се будали,мање-више за парите,безбедноста пред се. Јас рутински го ставам и не го ни приметувам, 5 мин,5 мин. Лани на 5 мин. одалеченост од точката А, квалитетен удар на вина на друг, ти колку сакаш биди внимателен... Да не даде никому да се случи,ама претпазливост е многу важна работа. Секогаш одиме со мислата,тие работи им се случуваат на другите луѓе,а не на мене. Подобро носете си ги,отколку алтернативи да барате зошто ве иритира цивкањето.
Работат ли утре(недела) продавничките за облека во ГТЦ?Работи ли Теранова? До колку работат тие во Веро и Рамстор?
Некои продавнички работат во гтц утре, ама најголемиот дел од нив се затворени. Што се однесува до Теранова, работи секој ден, така да - да, и утре работат.
Во Веро и Рамстор работат од 10 до 10 Низ ГТЦ мислам не работи ништо, а Теранова работи од 10 до 9 мислам.