Дали можеби некој знае,каква вредност имаат променливите кои се декларирани но не и иницијализирани, во програмскиот јазик С++? -Информатика.
Женски, како да одлепам вештачки нокти? Уште три ми останаа, другите сами ми паднаа.. Со турпија не можам никако, некој друг начин знаете ли?
Може ќе бидам смешна ама да си прашам, на amazon prime и покрај претплатата поголемиот број серии и филмови бараат дополнително плаќање. Јас сум нешто мутава или...?
Не сум одела на таа релација со такси, ама грубо пресметано, од Железничка до Влае е 250-300ден, да речеме до Матка има уште толку. Така да под 500ден нема да е.
Дали некоја има информација дали ќе работат библиотеките за земање/ враќање на книга? Поточно ме интересира за библиотеката на Билна, Скопје?
Може некој да ми се обрати во ЛП и да ми објасни детално што е потребно за да се подигнат пари од Western Union? Се работи за уплата од Англија, дали тоа нешто менува? Ве молам за помош, итно ми е.
Дали некој има користено microsoft teams?,само што ја инсталирав по препорака од професор за да држиме предавање онлајн,,е сега влегов во календар има предавање за во среда јас отворив прифатив accept и таму најогоре писувасе join и јас мислев дека е за да влезам во група но наеднаш ми сее оклучи камера,дали дригте виделе нешто или пак кога ке влезат ке видат нешто ве молам прв пат ја користам програмата.
Ве молам, ако некој има искуство да сподели. Дали е можно при затворање на фирма, со претходно платени придонеси на вработениот, да се прекине здравственото осигурување иако истото е платено за цел месец? Се работи за сопругот преку кој сме сите осигурани, денес дознавме дека всушност немаме осигурување иако истото е платено за цел месец? Ново дури од април, од фирмата каде што е сега пријавен. Мислам дека нема прекин во стажот, ама не сум сигурна.