Девојки дали има негде да се земе кафе или нешто цедено за носење попладне низ Скопје? Знам дека ништо не работи ама да прашам , гледам преку ден сликаат чашки за носење по сториња...
кога работев у хотел у капиштец, гости кои сакаа со такси да идат до матка таксистите им наплаќаа 600ден, сеа рачунај плус некои 200ден од железничка
Женски ајде помош. Сега зборев со НЛБ ама некако ме збунија. Наредната недела треба да префрлам пари на трансакциска сметка на корисник на НЛБ, меѓутоа јас не сум член/корисник на НЛБ банка. Во нормални услови, веќе две години си уплаќам на уплатница, на шалтер во банка - средена работа, меѓутоа поради вирусов сакам контактот со луѓе и идење по шалтери да го сведам на минимум - и за себе и за тие околу мене. Како можам да им уплатам пари? Не сум член на нивната банка и средствата кои нив им ги праќам ми доаѓаат од сметка на Payoneer. Дали некој може да ме упати/помогне да ова го направам електронски, или навистина ќе морам да одам во банка? Имам уште една цела недела да најдам чаре за ова, па секој што има искуство/знае би ми бил од помош. Ви благодарам.
Мислам дека најдобро ќе е да и јавиш на банката каде што си имаш сметка ти и да те упатат како можеш да префрлиш пари електронски ако е можно. Бидејќи е многу комплицирано и можеби невозможно преку нлб да уплатиш а верувам дека од твојата сметка ќе сакаш да се исплати.
Да не каснат со плата? За кој месец е последната исплатена (значи не кога туку за кој месец?). Од ова зависи и здравственото.
Исплатата е во ред. Одјавен од претходната фирма (т.е фирмата се затвора) пријавен во нова (мислам без ден пауза) и нема осигурување за овој месец. Во фонд рекле дека додека не му легне нова плата, нема здравствено А тоа што во претходната фирма е платено, нема врска Баш им пишав да ми кажат според кој закон и правилник е ова, при платено здравствено да немаш. Единствено можеле да му дадат потврда дека има здравствено, ама што ако... ниту можам лекови со неа, ниту ништо. Освен за преглед кај матичен, за ништо не ми служи. Не дај боже сега во епидемијава да се разболам и да треба да лежам (ко што сум со хроничен бронхит).... Ко што сум им лута, утре на сите расположливи телефони ќе им ѕвонам таму Безобразлук!!!
Уф стварно безобразлук. Јас колку што знам треба уште еден месец да трае(не ме фаќај за збор не сум целосно информирана, од скромно познавање ми е ова). Ама тоа е и целата поента на непрекинат стаж. Држ се и пази се. И онака пожелен е карантин. Клукај витамини и течности и позитивно.
Дали има некој што е на стопанска банка а да е запознаен со е-банкинг? Она електронска проверка на сметка. Наплаќаат 300 денари за да можеш да си отвориш електронска сметка, или мораш да имаш 10 трансакции. Wtf? На тутунска не се наплаќа апсолутно ништо, овдека се плаќаат некои токинг поени. Има некој што знае нешто да ми објасни?
Исто и мајка ми кога смени фирма тој месец немаше здравствено. Матичниот и рекол дека ќе има откако новата фирма ќе и префрли плата иако од старата се си беше регулирано.
Девојки, имам отворено сметка во тутунска, од пред повеќе години. Е сега картичката ми е со истечен рок, и сметката је немам користено баш долго време, затоа и не сум се замарала да вадам нова картичка. Прашањето ми е, дали таа сметка сеуште ми постои, далу можам преку неа да примам плата, ако си извадам нели нова картица или бидејќи долго време ми е неактивна автоматски сметката не постои?
Можеш, но веројатно треба да ти се ажурираат податоците. Јави се во контакт центар или во филијала и ќе средиш.
Јас имам сметка во Тутунска, скоро две години поминаа, уште ја немам земено новата картичка. Имам нлб/клик и според тоа гледам дека сметката сеуште е активна. Така што, би требало и твојата да е активна. Картичката ќе си ја подигнеш во филијалата каде што си ја отворала сметката (барем вака беше) освен ако не си во можност таму, ќе се јавиш во контакт центарот и ќе кажеш каде сакаш да ја подигнеш.
Јас имам токен на Стопанска. Изваден ми е пред 6години. Тогаш беше да имам 10 транскации и нема да ми го наплатат инаку беше 1000ка. Нема провизија на сметките.
Ако има макар 1 денар без разлика колку време не си работела, треба да ти е активна. Како што ти кажаа ќе треба само да ажурираш податоци. Ако немло состојба (0денари) и немало промени во последните две години и не е блокирана тогаш согласно закон мораат да ја затворат.
На групер има некои курсеви по многу ниски цени, можеби стари се јас сега ги дознавам па ме интересира дали некој пробал да ми каже подетално дали вреди или чиста глупост ?
Пред 10 месеци зедов токен и во рок од 6 месеци треба 10 трансакции да направиш за да е бесплатен токенот инаку мислам дека ќе ти наплатат 300 денари, не ме држи за збор за сумава. Во банката ми рекоа не е важно колку пари префрлаш, може и 100 денари, важно 10 трансакции да се.
Дали има македонска дама на инстаграм, која што споделува совети за/против козметички производи-за каква кожа би биле , нега на коса/кожа/нокти, шминка?
https://instagram.com/magnolia.glamour?igshid=h2xzacm7l2za Ја следам од скоро , многу добри совети дава и детално објаснува
Здраво феминки сакам да прашам дали некоја од вас знае преку која организација може да се земе бесплатна перика зашто имам слушнато дека даваат за жени кои ја губат косата како последица од хемотерапија па ми треба за мајка ми..или ако некоја знае каде да се купи некоја до 3000ден,бевме во Медикус Хелп но таму се многу скапи..Позз