Зошто кога ги внесувам податоците на мое осигурување ми пишува не е пронајдено лице со внесената комбинација Ембг и Езбо/Бзл? Податоците се точни, до пред два дена си работеше. Пробав од различни компјутери, телефони и од секаде исто дава.
После прекинување работен однос, дали треба да се оди специјално до АВРМ за да се заведеш како невработен или автоматски се водиш како невработен?
Дали треба телефонот да е на мене дури вежбам за да може smartwatchot да ми мери калории или може да е само пуштена локација и bluetooth и да е во иста соба со мене дури вежбам?
На англиски ја најдов во Икона (така ли се викаше онаа книжарница во Сити Мол спроти Рамстор долу под ескалаторот? ), а на македонски ја имаше најгоре кај храната, штанд имаше со книги, не ми текнува како се викаше, нека каже некој ако знае. Но бидејќи молот не работи, види во нивните книжарници низ градов.
Треба да се обратиш во АВРМ. Потребни се лична карта и картон за евиденција за да те внесат во листата на активни или пасивни баратели на твое барање.
Дали некој знае дали е потребен или не некаков документ за да патуваш како турист на филипините или само пасош?
Ако не се совпаѓаат бројот од ЕЗК на картичката и ЕМБГ обрати се во подрачната служба на Фондот. Сигурно од кај нив погрешно те регистрирале. Инаку 99% од случаите дава податоци за осигурањето.
Дали некој знае зашто не ми ги брои скенираните сметки? Скенирав 12 а си стои на 3. Ги дава како надминато ( 65ден.) и тоа за јан/фев и март, а не за април. Зашто е вака? Само јас ли го имам овој проблем?
А фискалните ти се од март или април? ако ти се од март таму ти одат парите без разлика што си ги скенирала во април