Го објавив и во темата Вдомување животни, ама не е активна, па бидејќи ми е итно еве го и тука, ако пречи слободно нека се избрише: Дали некој сака да вдоми машко мало кутре со мал-среден раст? Го најдов фрлено кај мене во двор синоќа на снегот, се давеше во снег буквално, некој го оставил да умре. Слабо, неухрането. Среќа го слушнавме и го најдовме веднаш, го прибравме дома да се стопли и исуши, буквално се цедеше и се тресеше. Го нахранивме и веќе се опушти, престана да се плаши, почна да си игра да си лае и да трчка. Многу е мило, послушно, доаѓа кога ќе го викнеш веднаш, кога ќе не види ни се радува премногу. Приметив и дека е прилично самостојно, се научи дека во пакетот има храна и вода и само знае да си отиде таму кога ќе му се припие/пријаде, и не плаче нонстоп за внимание (на пример додека спиевме не не разбуди ни еднаш) Проблемот е во тоа што немам услови да го чувам, имам 5 кученца (исто така за вдомување, ама покасно, веќе некои од нив се и ветени) и возрасна кучка. Ве замолувам ако некој сака да го вдоми или познава некој што сака кутре, да ме контактира. Еве слики од него, едната е од синоќа, уште малку мокричко е Си го крстив Снупи
Каде можам да најдам во Скопје он лајн да праќаат од маскиве со филтер N95 или Vogmask? Едно време не им се трошеа сега никаде неможам да најдам...
Му најдовме дом на Снупи Имам прашање, дали знае некој каде може да се купи чаша во форма на објектив ама да не е алиекспрес, од Македонија да е, може и онлајн.
dm drogerie markt MakedonijaДобро утро, dm во Македонија од самиот почеток нема опција за онлајн нарачка и достава. Ова е навистина голем проект, а сега нашите напори се насочени кон непречено функционирање на сите наши дрогерии, како би ги задоволиле потребите на сите наши потрошувачи. Убав ден
Дали знаете каде можам да нарачам икеа производи овде во мк? Знам дека има многу препродавачи ама сите што ги прашав работат на принцип нарачка па набавка, а тоа сега не е возможно. Па ме интересира дали има некој/некои кои имаат производи на лагер овде во мк, или можеби вршат нарачки преку пошта, карго... Значи ми треба некој начин ако има за да нарачам сега, за кога ќе мине вонреднава ситуација знам како
Дали некој знае каде се имаат продавници Канела ама таа со црвено што е освен Козле за таму знам. И дали воопшто работат сега, ако да како им е работното време?
Може подетални информации? Виза од кај нив? И дали знаеш за колку време од прилика би можела да биде готова
Имаат и во Аеродром, едната е спроти Веро, веднаш до Зегин, а другата спроти Капитол, само не знам која беше која.
Во сите аптеки има гроздова маст, ама ако бараш баш таква како на сликата, тогаш не знам каде има таква.