Неработни денови се, петок, 17.04. (верски празник за прaвославните) и понеделник, 20.04. (за сите граѓани) и за online настава зашто распоредот на одржување на часови е истиот од класичната настава што е во прекин и истиот се евидентира во електронска форма.
За кратко ќе правам мафини,само не знам колку треба да ги напунам тие хартивчињата без да ми искочи смесата у печење дека нели расте. Може глупаво е прашањево ама стварно не знам.
Зависи од состојките на смесата, ама наполни ги околу 2/3 (две третини), не би требало да истечат. Јас така ги правам
Како да активирам #остани дома на Телеком? Важно ми е за дополнителните канали. Инаку на Магента сум, не можам никако да го најдам.
Имате ли порачувано од Д Спорт онлајн? нејасно ми е ова околу цените, ако порачам онлајн има и до 50% попуст на одреден производ, а ако одам во продавница директно да си видам убаво, треба дупло да го платам... или да одам, па да порачам и чекам неколку дена да ми стигне... ако некој има искуство, дали може и директно од продавница да се искористи попустот, бидејќи ми е за подарок и не ми се чека со денови
Моментално сите спортски продавници имаат попусти за нарачување онлајн, кај некои и не се плаќа шипинг, како спорт м и спорт вижн. За една недела ќе ти стигне сигурно, јас баш нарачував скоро. Не се исплати да купуваш од продавница.
Dali se sekavate na edna reklama na k 15 od vremeto za en fa pen prozorci.. Sakam da ja najdam ama nekako ja nema
Имам заборавено.. Кога уплаќаме во банка пред 12ч, на сметка од друга банка, кога им стигнуваат парите? Следниот ден после колку часот?
Пред некој ден забележав дека дури во Јануари ми истекла личната карта, прочитав некаде дека после вонредната состојба можеле да се обноват, да чекам тогаш или?
Да чекаш.. и онака не знам дали ќе можеш да закажеш Мене крај на втори месец ми истече ама јас на почеток на март приметив и неуспеав да закажам
Ќе чекам ондак. Јас дури пред некој ден ич не ја марам ниту користам, стое забутана во новчаникот. Еднаш одвај и ја најдов мислев дека сум ја изгубила
Знае ли некој дали попустот што е на онлајн страната на Матица важи и во нивните книжари или е само за онлајн нарачки?