Ти следува плата за 17 дена од март и до 15април требаше да ја имаш земено. Контактирај го шефот прво.
Дали може да ми кажете апликација за step counter за Iphone ама да е бесплатна? Се ми искачаат некои со app purchases @ЕденЧлен ?
Треба да имаш порака кога имаш гласовна, и таму пишува број за да ја ислушаш. Јас не се сеќавам кој беше, ако некој знае можеби ќе пиша.
Ау... Пиши на google преслушување на говорни пораки и ќе ти искочат броевите за т мобиле и вип. Ете толку е лесно!
Јас. Зависи кој, има распоред на јсп. Саботен возен ред е, прилично малку автобуси има. И помеѓу 9 и 13 часот нема автобуси. Имаат објавено кога се последните тргнувања пред 9ч и кои се првите во 13ч.
Глупо општо прашање, ама мора да ја најдам песната! Имаше на мтв1 или мрт, песничка стара, со анимиран спот со мравки, цвекиња природа... почнуваше со : На на, на наааа! Леле луѓе на кого му текнува каја беше песната? Женско ја пееше.
Ќе ти кажам за лани ова време, веројатно исто е. Испорачуваат ама треба да имаш нарачка над 500ден. Најдобро јави се на бројот за нарачка, и самите ќе ти кажат ако не може.
Имам едно прашање-се работи за експеримент(физика). Експериментот е:да поставиш две испразнети лименки на мало растојание.Потоа да дувнеш со сета сила во просторот меѓу лименките.Тие ќе се залепат.Зошто? Ако некој знае зошто,ако може да ми каже.(Најверојатно се работи нешто за *Равенка на континуитет и бернулиева равенка). Благодарам однапред.
Ајде мала помош ако знае некој.. Пред две години бев нападната и искасана од улични кучиња. Не знам од која причина, не пријавив тогаш одма, па сакам сега да го направам тоа.. Имам извештај од инфектолог и плус од психијатар така да можам да го тужам градот. Е сега разбрав дека морало да биде пријавено и во полиција. Можам ли да тужам ако немам пријавено, и ако не, дали можам дури сега да пријавам во полиција?