Па мислам баш дека од друг телефон особено ако го отвориш таму меилот. Еве ние колегите што имаме групен меил и ако стигне нотификација кај еден и ја отвори, кај другите нема да стигне. Ако не ти е битен, одлогирај се од другиот телефон и види дали ќе стигаат. Може и друго да е проблемот, ама пробај.
Исто, ако имаш повеќе профили додадено, кога стига нова порака ти го дава на последниот акаунт што ти е активен. На другите ако стигне нова порака не дава нотификација.
Немам повеќе профили, но се одјавив од сите уреди освен од овој тел. и од лап топот, направив reboot и update и ми стигаат сега. Фала ви во секој случај.
На едниот палец на ногата имам искривување на зглобот кон надвор и нагоре и кога застанувам на прсти на таа нога не ми лежи убаво зглобот и немам рамнотежа. Ова ми е проблем кога вежбам. Има ли некое помагало што можам да земам?
Дали нептун имаат некој број кој им е за сите продавници да речеме, да се јавам и да прашам дали во некоја продавница у Ск го имаат лаптопот шо сакам да го земам за да не идам за џабе до таму плус у ситуацијава со Корона...
Пробај звони таму каде планираш да оди, и ако одговорат прашај дали го има кај нив. Ако го нема замоли ги да проверат каде го имаат моделот на залиха, треба да услужат.
Се јавив, не креваат, а стоеше на интернет дека го имаат на залиха ама некогаш тоа не го апдејтираат, па сакав да се осигурам. Затоа мислев некој контакт центар главно за сите да не имаат, за да ми потврдат кај го има. Ништо, ќе отидам директ, па ако го имаат, го имаат.
Плус тоа тие долу им се затворени Кол центарот од бројот наназад работи, пробај пак Мене на фб 4месеци ми немаат одговорено