Одамна немам патувано, а и сега со ситуацијата не знам како е, возат ли автобуси меѓу градови и ако не, има ли инфо кога би почнале?
Каде може да се купи hammock од овој вид: Значи, да не биде плетен, туку со ваков еластичен материјал. Исто така, вакви МЕТАЛНИ чашки:
По квалитетот, дизајнот, цената... И мене ме заинтересира, па прогуглав. Спојлер Побарај на алиекспрес, по продавници ова не сум го видела кај нас. За хемокот би ти рекла од декатон, баш ги гледав пред некој ден, ама кога отворив видов дека истата слика си ја искористила за пример, па заклучив дека бараш од друго место... Ако не, тогаш ете во декатон ги имаш истите како на сликата
https://www.scout.mk/ Страната не им е баш организирана, ама пиши им за инфо, знам со сигурност имаа hammocks и чашки.
Рендом налетав на сликата, не видов дека е од некаде конкретно. Туку, што е/каде е тоа декатон? Гуглам ама не можам да го најдам. Морав тука да те цитирам, не можам ПП да ти пратам, ваљда е океј.
декатлон де, грешка https://www.decathlon.bg/hamak-basic-1-mesten-zelen-id_8330394.html Еве ти линк буквално за истиот, ако имаш некој во Бугарија да ти направи услуга
Не сообраќа меѓуградскиот превоз. Се уште нема најава од кога ќе почнат. За поконкретно инфо може да се информираш во локалната автобуска станица.
Здраво сакаме да ставаме дворни плочки. Дали има некој порачувано од Битола, или живее таму па да има слушнато пофалби/критики. На ФБ. се Bekaton Plocki со фото сиво-црвена 3д шара. Bujar за контакт..
Прво по логото надвор на патиките. Треба да има нешто што се разликува од оригиналот. Потоа внатре во патиката треба да имаш исто етикета со логото на фирмата на патиката. Изработката и материјалот на патиката. Ќе видиш и конци да не штрчат, да е убаво зашиено насекаде. SKU бројот мора да е ист на двата пара. Совет: Ако купуваш од тие на фб, одма да ти кажам дека се копија. Подобро фрли 1.000/2.000 денари во продавница, барем знаеш дека се оригинал, ма да и на продавница не може да и се верува 100%. Јас во Бугарија си купив, си добив и гаранција од 1 година за патиките. Овде кај нас не знаат што е тоа гаранција.
Денес си го подигнав новиот пасош, а во стариот имав Американска виза со уште 9 години важење. Кога се сликав ми рекоа ќе ми ја пренесат таа страница во новиот, ама сега кога го подигнав не беше тоа направено и тој таму ми рече ќе си патуваш со двата пасоши или оди во амбасада види среди, ние тука не го правиме тоа. Дали некој знае дали е ова точно или има друго искуство со префрлање виза од стар во нов пасош??
Визата во стариот пасош ти важи се до датумот на истек кој го пишува на визата и таа страна со визата не треба да биде поништена со дупчиња. Кога патуваш ги носиш двата пасоши.