Дечки, ако има некој во близина на Бутел 1 што сака да позајми, или да продаде кабел за полнач type C за Xiaomi тел., ве молам, пишете ми ЛП, итно е.
Здраво, дали има некој информација околу тоа дали може да се направи хормонален статус на клиника, дали се лабораториите во функција?
Како оди процедурата ако сакам да пратам нешто по карго? Дали мене од карго ми ја плаќаат сумата за тоа што го праќам, па после таму каде што ќе стигне ја плаќаат на каргото сумата плус доставата (доколку сами си ја плаќаат доставата)? Никогаш немам праќано, не ми е јасно како оди постапката.
Одиш во карго и ти кажуваш дали сакаш тие при подигање да платат достава или ти а за парите доколку пратката ја продаваш таа што ја подига таму ќе плати па ќе мора да одиш пак до карго секако со ливчето од карго (ќе ти дадат ливче) и така ќе ги подигнеш парите. Се надевам добро објаснив ако нешто не сфати прашај слободно.
Возовите сообраќаат на линија Скопје-Велес-Скопје; Скопје-Битола-Скопје и Скопје-Гевгелија-Скопје со редуциран возен ред. На другите линии времено се укинати.
Имам едно прашање, пошо не сум од Ск, ми треба информација за упис за моден дизајнер на кој факултет беше?
Ако бараш ненадувани, околу 50-60 денари јас имам купувано од продавници за играчки и од Џамбо. Ако мислиш со хелиум, зависи од големината, околу 200 ден се најмалите, па нагоре. Јас платив 1200 ден за 2 големи бројки.
Па не знам дали е баш хотел, мислам дека се повеќе како апартмани/соби, ама Ања во ГТЦ. Пиши Ања Скопје ќе ти искочат на гугл.
Bianco во Капиштец, се наоѓа веднаш спроти Католичка црква, на кружниот тек, плоштадот ти е одалечен 10 мин. пешки, и тоа само право по булеварот или можеш со 5ка, две станици е до рекорд од хотелот, инаку ноќевање мислам дека им е 1000 ден. од вечер, башка мирна населба и ич не е досадна има многу кафичи, кафани, ресторани, и еден специјализиран рибен ресторан, сите најголеми маркети имаат продавници во населбата оддалечени до 100 метри еден од друг, дискотеки, бурекџилници, сендвичари, и еден куп разно разни дуќани, 3 парка, 3 трговски центри, паркинг места секогаш има слободно, игралиште, буквално во населбава има сѐ што ти треба и сѐ е оддалечено на 3-4 минути, башка има зеленило и посебно место за рекреација, воздухот во населбава не е загаден, и сите јавни фаци живеат во неа