Не знам дали е прикладна темава за прашањево, но нова сум, простете. Дали има апликација за мобилен телефон за форумов? И дали можам да прикачувам слики во мислење без url?
Прашање од областа на физиката-Дали можеби некој знае? "Објасни како тенка метална игла може да плови на површина на водата". Благодарам однапред!
Здраво. Пошто имавме лице кое еден ден лежеше во државна болница , пред два месеца , сега ни стаса писмо за подмирување на долгот . Во писмото немаше никаква трансакциска сметка . Дали има некоја можност да се плати без да одиме за Скопје?
Дали во парфимерииве, како Космо, ДМ, Шатце и останати има мостри од пудри да продаваат? Или треба са фркнам 1000 денари на пудра па да се молам на горнион да ми одговара?
Дали Орбитрек може да се расклопи? Ми го даваат за пакет пиво ама ако не се расклопува неможам да го соберам у кола.
Може е глупо прашањево ама морам.. Дали има некакви шанси да ,,оживеам” оксидирана пудра? Немам ставено одамна и мислам дека е оксидирана, а ќе ми треба ептен малку за после Немам коректор, немам ни камена. Уште тоа остана. Anyone? @Rose96 ќе те тагнам пошто знам дека се разбираш од шминка
Течна пудра никогаш не ми оксидирала во паковање така да незнам искрено... јас си ја осветлувам ако ми е малце темна со светол коректор или посветла пудра немам пробано друг начин. Ако е по стара пудрата подобро не користи ја особено ако имаш сензитивна кожа.
Ми треба само за подочњаците и на уште две-три точки. Не ми треба среќа за цело лице. А баш се погоди да немам ни камена ни коректор. Ќе пробам да загребсм од коректорот. Фала ти.