Од утре ќе може да внесеш матичен број на страната www.kupuvamdomasno.gov.mk, а ќе исплатат најдоцна до 3 јули. Ова е за 3000 денари и ги добиваат сите. 6000 денари добиваат студенти кои во семејството имаат ниски примања (до 15000 ден мислам дека беше ама не сум сигурна, провери си).
Спојлер: Линк https://www.google.com/maps/d/viewe...ll=41.988489063168856,21.450580350000013&z=16 Ако не го отвара линкот, на страната на Пакомак има информација.
Дали можеби имате искуство со онлајн закажување термин за лична карта? Го барав бројот да се јавам и случајно налетав на опцијава. Малку ми е нејасно околу одбирањето термин, па затоа прашувам.
Си бираш датум и саат, ако е слободен терминот ти стигнува потврда на меил дека у толку и толку имаш закажано термин, кабина таа и таа. Ако не е слободен те известува да одбереш друг.
Имам едно прашање, веке два месеци како не работам а не сум одјавена од работа, денес прочепкав и дознав дека сум вработена со мерката за вработување до 35год. каде што работодавецот се оослободува од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и персонален данок на доход, според тоа не смее во наредните 3години да ме избркаат или доколку ме избркаат треба по 30дена да вработат друго лице, како штто сфатив јас, што да прававам некој совеет од некој што се разбира повеќе? може и погрешно сум ги протолкувала работите...
Па тоа треба со шефот да зборуваш. И претходно прашуваше истото. Зошто не си средиш со фирмата? Може ќе те викнат пак на работа затоа не те одјавиле. Инаку точно е. Треба за 30 дена да најдат друго лице исто како ти (пријавено во аврм како активен барател и до таа возраст) или да ги вратат средствата.
(Не ми текна во која друга тема да прашам) Мајка ми купила 300 гр печена леблебија погрешка и нема шанси да изедеме повеќе од 50 грама Може да ја искористиме за некој намаз или не знам било што?Во јадење некое?Да не ја фрлиме за џабе Ако може, споделете некое рецептче
Доколку има некој/а на форумов шо се разбира од софтвер нека ми пише во лп. Имам проблем со акаунтот на твитер.
Само да ти кажам дека пробав со цедалка и супер испадна. Го прецедив два пати за секој случај и направив пола доза да видам како ќе испадне и стварно сум задоволна. Фала ти!