Во прв семестар имам изборни предмети, некои овие изборни ги напишале тогај кога се запишувавме, некои веќе почнале и да одат на предавања. Јас, а и повеќето кои ги знам на медицински не пишавме никакви изборни предмети. Кога ќе можам да ги изберам изборните? Дали кога ќе тргнеме на предавања, оти ние сме од понеделник или? Ај некој ако сака да ми објасне. Не ми го бришите прашањето.
Каде е префрлена Газела аутлет (онаа што беше во Центар кај поранешна Бамбус оаза),постои некаде или исчезна засекогаш ?
Кога се запишувавте освен розев лист нели имавте уште два листа внатре во тој розевиот? Е, на еден од нив се пишуваат сите предмети, заедно со изборните. Мој совет, оди на студентски прашања, тие најубаво ќе ти објаснат, иако мислам дека требало да го потполниш листот за кој ти зборувам кога си се запишувала.
Женски дали некоја од вас има поднесено интернет пријава за постдипломски студии? Веќе два дена упорно пробувам да се пријавам и на крај откако ќе ги внесам сите податоци ми излегува пријавен лист за запишување студенти во прва година на додипломски студии. Случајно да не правам нешто како не треба?
Имаше еден или два не знам. Не ги потполнивме, а и сега прашав една сокласничка, кажале и’ дека не требало тоа да се потполнува. Маки студенски. Како изгубена сум. Ај од понеделник ќе прашаме што како. Верувам дека ниту повеќето од колешките не ги потполниле.
Сите бевме изгубени тогаш, не си единствена. Нема да ти прават проблеми со оглед на тоа дека сте прв семестар, како и да е прашајте си во понеделник на студентски прашања ќе ви објаснат убаво
Уште едно глупаво прашање, т.е. 2. Студенски прашања има на секој факултет или? А вежби во 1ва год имаме ли?
Секој факултет има студентски прашања, само не знам со дисперзираните што и како оди работата. А вежби имаш по секој предмет, секој семестар, секоја година
Кажете ми која од овие кинескиве Гари е најснабдена? Видов едни балетанчиња на нивната страна па сакам да ги ѕирнам не делуваат лошо а онаа во гтц што е ништо нема
Зошто не побараш во Скопјанка. Имам неколку пати поминато и вака однадвор ми изгледа дека има доста работи... Ако те носи патот натака провери си.
Ај пак и тука да си прашам... Која е најснабдена оптика во градов (со најголем избор), колку-толку океј цени и да може да ми се изврши стручен преглед?
Има ли некој друг лек за болка/температура во Македонија, кој се продава во форма на ампули освен аналгин?
Некоја пицерија или пекара каде што има пици, во околината на рекорд? И која цена се,мала,голема? Инаку, далерон за температура можеш мислам дека
Каде се наоѓа Јавор во Битола(мислам така се викаше ) и дали таму има converse продавница или глупости трескам и сум погрешно информирана?
Парацетамол (Дипрол, Далерон, итн...) е за температура, или овие новиве што излегоа како прашоци, чајчиња кои во најголем дел содржат парацетамол и се најобични реклами (фервекс, кафетин колд итн) Аналгинот не е за температура, само за болка, обично за послаба главоболка, за која помага и бруфен, исто парацетамол, аспирин, за појака-кетонал итн. Туку јас да си прашам друго. Пред малку си го исправ новото сако, и кога го ставив во омекнувач видов на етикетата дека не се пере, само суво чистење. Освен што би било малку гужвано, што би можело друго да му се случи? Ќе го испеглам преку тенка крпа на слаба пегла, а плус и на закачалка го ставив да виси, не го закачував со штипки. Инаку составот е памук, полиестер, еластин.
Луѓе гледам ги изредивте сите попознати анти-температура таблетки , a imelda прашува за ампули Пици има во пекарите специјал и вегера, а во ресторани имаш на плоштад (Пелистер), во ГТЦ Gino и Avanti, на кеј Ања,Торос, во Рамстор.Тие ми текнаа во моментов, а цените се различни сегде..
Зборот на англиски cream of tartar на македонски што значи ? гугл преведувачот ми преведува друго што воопшто неможе да го има како состојка во рецепт