Хелоу принцези(и принцеви ако ве има хехе), имам другар што е преталентиран фотограф и му покажав слика од инста со бели ради, ама мн на едно место така наеднаш. Сакам да ми направи таква фотосесија, втора ни е од 15 договорени , ама дечкото не знае каде ги има во Македонија(пожелно е во близина на Скопје, но не мора). Дали некоја може да ми помогне?
Женски дали имате јавано коњ во Галичник или познавате некој што јавал? Сакам малку подетално да знам за тоа.
Да прашам нешто дали знаете, дали може да се излезе на протест сега отккао е прекината вонредната? Нормално со маска и растојание
Да прашам во хотелот Хилтон дали слободно може да се седе во кафичот ресторанот а да не се преноќува и колкави се цените на јадењата и пијалоците?
Како вчера да прочитав дека сеуште не е повторно отворен. Нема сеуште протокол за хотелите. Инаку може да се седи.
Дада во животот немам мрднато од дома само до Дојран и сега чекам со парите да отидам во скап ресторан боже свашта
Мислам дека имаше таква опција во Борис Трајковски ама не знам дали работи салата моментално, со оглед на фактот дека теретаните не се отворени. Друго, треба да провериш во градски парк има терени и во Аеродром, блиску до поликлиника Јане Сандански, на булеварот има теренче помало. Овие се на отворено па би требало да функционираат независно од корона меркиве.
Прво, мислењето го пишав на зезање. Второ, да имаш мрднато нема на форум да прашуваш цени туку ќе имаш појма како се движат бар отприлика. Трето, да се движеше на такви места редовно ќе знаеше дали работи или не. Убав помин.
Каде да си купам вакви? По можност некаде низ центар на Ск. Битно е да се вака повисоки и со затворени прсти. Би било убаво да се на врзување ама ако нема ќе пројдат и со обично затварање.
Здраво девојки Не најдов соодветна тема за ова прашање па затоа го поставувам тука Дали би можеле да ми препорачате некој козметички салон во околината на Аеродром или Ново Лисиче каде што прават депилација на мажи? (грб,гради и стомак)