Што се случува со TV(со А1)? Нема да можат да емитуваат,не разбрав.Ќе може некој што сфатил да ми објасни?
Можи звучи глупаво. Дали низ Скопје се возите со автобуси? Одете на интервјуа за работа? Мене ми е ко троа шубе.
Протестираат операторите. Читај кај Роби Телекабел на фб, имаше убав статус пишано во каква ситуација се ставени сите оператори. Точно дека ние корисниците сме оштетени ама и тие се во право.
Јас се возам со автобус и искрено ич не е страшно. На почеток ми беше шубе ама сите носат маски внатре и не ми се случило некој да седне на столчето да мене. Така да, ок е мислам, а на интервју не сум била, ама можеш да ги замолиш да го организираат на Скајп. Па јас прашав во продавничката што е во куќите лево од Олимписки ама ми рекоа дека алиштата ги носат од други држави и не купуваат вака од луѓе. Е сега ако не ти е за пари, можеш да ги донираш во големите кутии за алишта поставени од Црвен крст низ Ск.
Знае ли некој како се вика онаа продавница на пластичарска што има секакво вештачко цвеќе има и борчиња вештачки и пред дуканот вештачки огромни палми?