Каде да најдам магнетна кутија за сенки за очи?! Ми падна една палета и сол се направи опаковката. Морам да ги "преселам" во нешто друго. Само не М.А.С., знам дека има таму, но за ваква ствар стварно не ми се даваат многу пари. Упатени, @CameliaMiller @Mishela, anyone?! Да спасиме една прилично омилена палета. Лажам, не драмам, ама криво ми е.
На времето имаше една од Артдеко, средна големина, како за нивните мали сенки. Види дали ја има уште во Космо. Многу е стара, ама они ретко прават некои измени па може ќе имаш среќа да ја најдеш. Ако ја нема, можеш и во Александар козметикс да видиш дали они имаат некоја таква од Nyx, за нив ич не сум сигурна чисто така ми текна како план Б.
Можеш да провериш на BeautyBay. Имаат неколку видови магнетни палети. Не знам колку ќе ти биде исплатливо со новата достава од 9. 95£, но сигурно ќе ти стигне за 3-5 работни дена.
Не сум посетувала курс, но од она што имам слушнато биле катастрофа. И јас прашав тука пред неколку дена за Браинстер и малку истражував. Подобро е некој од странските да пробаш. Има и бесплатни курсеви. Реално цената е премногу висока според мене.
Ако се пријавуваш секој месец како редовен барател на работа, некој работодавец те пронашол тебе и сака да те вработи.
Мислев со ова од владата што плаќаат за млади 50% од цената. Ионака сакав подолго време но ми беше скапо
Многу е скапо, дали навистина толку вреди не верувам, но сега има курсеви на udemy што вредат. Истражи пред да се запишеш на курс.
Имаат право да ти се јават ако се пријавуваш секој месец. За казна не знам ама имам слушнато дека ако одбиеш 3 пати те бришат од евиденција 2 години и немаш право да се пријавуваш.
Сите библиотеки? Мислам Градска Библиотека Браќа Миладиновци и сите Библиотеки под нејзе(како Страшо Пинџур,Другарче)?
Од каде можам да купам оригинални CD од странска музика ( Lenny Kravitz, Bob Marley, Eros Ramazzotti, Roxette....)??