@ElenaLena На пријателка и кажале дека после 15-јули ќе има известување за невработените лица што редовно се пријавуваат. Следи на нивната страна.
Може некое бројче од МВР да дадете да прашам нешто? Или ако знае некој да каже кај треба да извадам уверение за државјанство? Се убив од ѕвонење во Беко и на уште едно место и не креваат
@GirlRose @IChika ви благодарам девојки се снајдов,може од телефон само отворете го фајлот што сакате да го испратите горе во ќошот имате опција за испраќање кога ќе ја притиснете опцијата ви дава опција за праќање на порака...
Се обидов да ја најдам на мапа, но безуспешно. Ќе се обидам да ти објаснам вака, со слика па доколку си од Ново Лисиче или си била тука некогаш, би требало да можеш да се снајдеш вака. Агенцијата за вработување се наоѓа во близина на Прокредит банка, онаа што е од спротивната страна на паркот Јане Сандански. Има и КАМ маркет во близина, па гледано според тоа, Агенцијата е во зградите кои се веднаш после паркингот на КАМ. Еве локација на банката која ја спомнав, а еве и слика од истата локација притоа обележано каде отприлика е канцеларијата на Агенцијата. Мислам дека не беше никако особено означена, па разгледај убаво. https://www.google.com/maps/place/P...130260f6705aafe!8m2!3d41.9817158!4d21.4718784
Фала ти премногу . Од аеродром сум но сеа после коронава ќе ми биде втор пат на пријавување па да не идам во агенцијата до капиштец чим тука има фала ти уште еднаш
Кога ќе влезеш од вратата оди само право, помини го шалтерот за информации и долу по скаличките баш во чело ти е тој шалтер. За во МТВ ова.
Се надевам дека ќе се снајдеш. И на мајка ми и беше комплицирано да го најде на почеток, а во Ново Лисиче живее 25 години . Прашај било кого на улица, би требало да знаат да те упатат.
Девојки едно прашање. Дали доколку декларацијата на производот наведува дека се можни траги од некоја состојка во него таа состојка постои во неговиот состав ?
Мислам дека тоа го пишуваат затоа што истата фирма произведува и други производи во кои постојат тие состојки во истата фабрика или место на производство. На пример, во млечно чоколадо може да пишува дека може да содржи траги од лешници затоа што истата фирма произведува чоколада со лешници на истото место па ако се пакуваат на иста лента, може да има траги од истите. Доколку имаш некоја сериозна алергија, можеби е најдобро да ги избегнуваш таквите производи.