Производот е на Виталиа растителен какао крем во кој во составот содржи оризово млеко додека подолу е наведено дека може да содржи траги на млеко. Алергијата ми е на млеко затоа не сум сигурна како да постапувам.
Би ти рекла да го избегнуваш тогаш и да побараш алтернатива. Низ продавнициве за суплементи (оние протеини и слично) имам гледано понуди за какао крем. А можеш да провериш и во zegin healthy foods, можеби ќе имаат нешто да ти понудат. Или исконтактирај со Виталиа, види што имаат они да ти кажат.
Се продаваат два кревети поединечни со душеци. Тросед, фотеља, тв комода, плакар, сѐ заедно 350 еу. Со ваш превоз. Мебелот е Охрид. За слики во порака
Дали некоја од вас има плотна во кујна која е целата керамичка, без оквир? Во продавница ни кажаа дека тие со оквир биле подобри за чистење, немало да се разлее доле под плотната ако ти протече нешто.
Имам една ташна што многу ја сакам и е во супер состојба, ама ми испука рачката па изгледа многу лошо. Дали знаете каде би можела да одам да ми направат рачка? Најобична црна тенка, за преку рамо.
На влезот во Чаршија од кај зегин, до Европа има продаваница за ташни. Човекот сам ги шие и корекција прави, ама не сум сигурна дали само на неговите или и на останати. Ако те води патот натаму, ете еден предлог. Ташнар (постои ли воопшто зборов ) има и во Центар, кај Беко, спроти градинката во високата кула и еден во првата кула од кај гимназија ЈБТ.
Или извади рачка од стара која не ја носиш веќе и однеси да ти ја сошијат на шнајдер или чевлар ако првиот предлог од членката не ти успее.