Дали некој знае како можам да си го вратам yahoo-то.Не ја знам(памтам) лозинката.Пробав со број,ама и тогашниот број што сум го внела не е тој.Дали знаете како барем бројот да го променам,па ќе ми стигне кодот,после лесно е.Знае некој?
Фала ви девојки. Одамна не ми е возен велосипедот, па сакам целосно да си ги сменам гумите, поради старост да не ме остават на сред пат. Бидејќи се стари гумите, паметно ли е само внатрешните да ги сменам или комплет сè?
Ако не ти е возен подмачкај го ланецот со уље да не заргал па да ти се извади и види кочниците дали работат убаво, гумите немаат гајле од стоење освен ако не се излижани од возење па тогаш да сакаш да ги смениш.
Здраво на сите, бидејќи темата правни совети не е толку активна и не сакам јавно да пишувам за проблемот, дали ќе може некој правник да ме советува??
Изгледа ми се расипа батеријата од таблетот , кога ќе го ставам,на полнач пуни ама батеријата не се полни а вака се си работеше како што треба, ќе ве молам да ми кажете каде би можела да го поправам? Не е баш евтино купен, препорачајте некој, барав по фб,ама не ми е баш секој сигурен туку-така да го оставам
Ќе ве замолам ако неккој од вас студира или завршил или пак познава некој што бил на приватниот унивррзитет Туризам и менаџмент во Скопје нека ми пише нешто подетално во дм.
Плажа во Охрид каде има поситни камења/троа песок? Не мора фрркфентна и со кафичи, може и некоја попуста....
Сакам да пратам по карго ствари, пошо никогаш не сум праќала сакам да прашам како иде делот со парите, како ќе ги добијам парите за стварите?
Во Jumbo имаат убави сите се по 450, во dm овој месец на одредени модели имаат намаление од околу 600-700 намалени се на околу 450.
Кога ќе ја однесеш пратката ти пополнуваат едно ливче со податоци твои и на таа личност кај што праќаш и за парите за кои си се договорила да продадеш и ти кажуваат за колку време да дојдеш да ја подигнеш наплатата. Кога одиш го носиш ливчето и еднаш ми побараа и лична карта и ти даваат пари.