Кај да најдам во Сити Мол женска педерка за на колкови? Вакво нешто само помалку шарено. Само не од спортските продавници
Пишав во темата за кредити , па да пишам и тука . Пред 20 дена ја облокирав сметката во банка , сега овој месец треба да ми легне нова плата па дали можат да ми ја блокираат пак ?
Ако имаш извршител може да ти земе пари од сметка 1/3 од платата. Меѓутоа ако ти била блокирана од друга причина тогаш не би требало да имаш проблем.
Не знам, порано функционираа со претставник, ко Авон нешто слично. Види некој твој близок ако има производи прашај го или изгуглај што ќе ти излезе. https://shop.zepter.com/
Има ли некој искуство со Делцо / Делко и купувамдомашно? Ми пишаа на вибер дека ке ми стигне картичката на домашна адреса пред 1 недела но уште нема ништо.. На телефон неможам 3 дена веќе да ги добијам а ниту пак на меил.. Што е работата?
Јави се во НЛБ на 02/ 15600 и кажи им дека не можеш да ги добиеш Delco, сакаш картичката да ја подигнеш лично од нивна експозитура во општината во која живееш, Delco се превара жива, еднаш ги користев и веќе ниеднаш, ниту на моб., ниту на стационарен, ниту на е-маил ќе ги добиеш, единствено ако не им се јават од банката па така да ги добиеш за да ти ја достават картичката. Али ако не реагираш којзнае кога ќе ти ја достават а рокот за користење си врви...
Додека не отидеш кај нив директно, тешко да ја добиеш. Вработените се толку многу неодговорни што е жива катастрофа.. со свои очи сум видела како вработениот ги фрла во контејнер писмата(времето потребно за достава на истите го користи да пие кафе по куќиве) а ги пријавува за доставени.
Земав да ја читам "Дон КихоТ" (од библиотека). Ама гледам нешто главите не се по ред-на пример: 20 глава,па 40,па 50. Да не фалат страници или секаде е таква(избор некој).?!
Братучед ми го оставил таблетот на тераса и наврнал малце, тачот не работи. Го сушев со фен, ама ништо. Дали ако го ставам во ориз ќе упие влага оризот?
Дајте ми предлог за дрвени украси или нешто изработено од дрво.. е сеа да не биде даска за сервирање или маса за подарок ми е.. сакам да биде нешто уникатно без разлика на цена
Јас би ти препорачала да си земеш рачна машинка. Колку што те сфатив сакаш за матено нескафе? Рачни машински би требало да има во Џамбо, Базаро, Меркур, Бриколаж и слични продавници. Јас ја имам истата машинка само поголема, од оние со постолје и многу се каам што сум ја купила. Нема никакви опции плус од онаа рачната, зафаќа место, а матено нес кај нас се пие еднаш неделно, дали и толку. Сако рачна машинка за нес. Пак ќе кажам, доколку зборуваме за матено нес.