23, 3, 3а, 3б, 5, 15, 15а - Сите овие одат од центар Лиса до рекорд. Автобуската е од спротивната страна на Лиса центарот а се симнуваш баш на рекорд, на самата станица. Spoiler: Мапа
Кое е најбрзо карго, ако вие испраќате производ? Треба да вратам патики во спорт м, па би сакала што побрзо да се вратат.
Нема потреба од таква дрскост. Очигледно е дека погрешно сум прочитала инаку никогаш не би дала намерно погрешни инструкции. @Irenaiki Се извинувам и се надевам дека не ти создадов никакви проблеми со пристигнувањето.
Па не е дрско. Само сакав да кажам дека си грешка. Не знам што дрско гледаш? Да не требаше срциња и ружи да постирам со коментарот за да не е дрско.. Глупости
Јас не знам колку сум во право. Нека ме поправи Еден Член. Но, како што видов изработува многу убави украси за на маса со кактуси. Ептен ми се модерни. Не знам дали прави и за други луѓе или само за себе. @ЕденЧлен
Благодарам на тагот,изработувам секаков вид на украси,ако сака членката нека ме контактира по пп,па ке и пратам повеќе изработки.
Ви се поклопуваат ли периодите во сметките од евн? Пример претходниот месец е рачунато до 10.06, а во наредната сметка почнува од 07.06? Сега ги средував сите сметки за оваа година и секој месец има преклопување од 3, 4 па негде и 7 дена. Ова испаѓа дека тие денови ги плаќам два пати.
Убава идеа, ама не сум во Мк. Баш паметот ми одеше на нешто во тој стил, ама се што пребарав на интернет ми е некако многу едноставно, неможам да најдам нешто соодветно. Зборувам за некој повреден подарок На еден начин да и се заблагодарам на луѓево за многу голема помош. @ЕденЧлен бидејќи се занимаваш со ова може ќе имаш повеќе идеи
Фала ти мн. Уште нешто, ако некоја знае ќе и бидам благодарна. Колку се сигурни спорт м за враќање на пари? Треба да им вратам патики и коа ќе ом стогнат да ми вратат пари на сметка. Ама се плашам да не зезнат, па останам и без патики и без пари
Некој да се преплатил на некој од плановите на Spotify, мислење/препорака? Реков ај да се откажам од пиратерија заедно со USA акаунтов.
Јас пратив по ин пошта радески. Стаса наредниот ден. Муабетот ми е дека нема врска дека треба по истото да се вратат може било кое се јавив прашав. Кај мене помина повеќе од месец од враќањето на патиките до враќањето на пари на сметка. Многу се бавни со рекламациите додека ги процесираат. А кога сум плаќала со картичка, а немале на залиха тоа што сум платила исто ми ги враќаа парите ама ептен се бавни над две недели сигурно за една голема сума се јавував буквално секој ден и не креваа. Фактички се јавија да ми кажат дека ги немаат производите на залиха и дека ќе ми ги вратат парите, а парите стасаа скоро по месец. Во глобала сигурни се јас имав еден вратен проозвод и две нарачки каде што фалеа производи и во трите случаеви парите ми беа вратени ама пи многу време.