Јас пратив по ин пошта радески. Стаса наредниот ден. Муабетот ми е дека нема врска дека треба по истото да се вратат може било кое се јавив прашав. Кај мене помина повеќе од месец од враќањето на патиките до враќањето на пари на сметка. Многу се бавни со рекламациите додека ги процесираат. А кога сум плаќала со картичка, а немале на залиха тоа што сум платила исто ми ги враќаа парите ама ептен се бавни над две недели сигурно за една голема сума се јавував буквално секој ден и не креваа. Фактички се јавија да ми кажат дека ги немаат производите на залиха и дека ќе ми ги вратат парите, а парите стасаа скоро по месец. Во глобала сигурни се јас имав еден вратен проозвод и две нарачки каде што фалеа производи и во трите случаеви парите ми беа вратени ама пи многу време.
Каде можам да купам вакви?? Си купив сандали ама не ги пробав и дома приметив дека позади ме болат и ќе ми направат рана. Сакам да пробам ако сепак има начин да ги носам, ако не би ги вратила, ама преслатки се
Ова на сликата е за под пета (во Џамбо имам видено вакви, сигурно има и во ДМ), а ако ти прават рана на задниот дел од ногата ти треба нешто вакво. Kако ова второто имаш во ДМ, има и силиконски и кожни лепенки и кожните се предобри, не ги ни осеќаш.
Постои/работи ли уште Базаро во Ново Лисиче? Не го наведуваат веќе во нивни локации, и дури и на мапа не ми го наоѓа.
Некој дали има порачувано од страните што се на гугал од овие спорт вижан спорт м спорт реалити да ми каже дали испраќаат одма некој со оваа дали е запознаен фала
Во Костурски мислам дека прават. Има три панели на алергени, еден панел мислам дека кошташе околу 1800 ден.
Луѓе во станот во ск оставив праски во најлонска ќеса врзана, во фрижидер. Ама ете, си заминав без да ги фрлам ( ги заборавив ) и си останаа така. Прашање ми е дали може да направат некоја поголема белја? Да скапат, црви да се направат едно др? Се си мислам немаат гајле дека во фрижидер се и плус завиткани во кеса, ама па шо знам..
Веројатно ќе пуштат вода и ќе мувлосаат, повеќе од тоа, црви и слично во фрижидер не верувам. Колку време ќе се оставени така? Тоа водата ако се засуши може да е тешко да се исчисти потоа.
Па еве можи повеќе од 2 недели има откако заминав, не ми се верува за брзо да одам повторно, затоа прашувам. Нека мувлосаат, нека скапат, секако ќе бидат фрлени ама ме загрижува црви да не фатат. Плус не се секирав пошто ги спакував во најлон ама сеа страв ме фати некако.
Не верувам искрено на 3-4 степени да може ларви/црви да се развијат. Ептен треба долго да снема струја.
Знае некој дали работи Cineplexx? Затоа што видов на нивната веб страна два филма за наредната недела..