Како иде праќање пратка по карго? Таму треба да им ја однесам и да ја адресирам само за кого е? Најблиску карго до Автокоманда кое е вака? Не сум праќала до сега, само ми носеле пратки и затоа малце не знам што како.
Карго експрес кај Саем. Одиш таму, потполнуваш формулар и им ја даваш пратката и толку е. Наведуваш во формуларот дали ти ја плаќаш доставата или тој што ја прима.
Ја носиш пратката и оставаш податоци за лицето кое ќе ја прими и адреса. Може да треба да платиш нешто не сум сигурна. Јас сум праќала ми зеле пари, вчера татко ми мене ми праќаше-не му зеле. Не знам од што зависи. Иначе магацинот на каргото се наоѓа многу блиску до Автокоманда. Се наоѓа позади бензинската пумпа што е после саем (одејќи од автокоманда према железничка). Ако одиш со кола во малото едносмерно уличе покрај Дојрана стигаш за неполни 2 минути.
@Dream-Girl Можеш да се јавиш во било кое карго и од дома да дојдат да ја земат пратката и да ја однесат кај што треба.
Нели кога имаше вонредна состојба на личните документи им се продолжи траењето, не се вадеа нови. Дали се уште важи тоа или нормално си функционира сега?
Од DM има еден течен сапун од Dekmit, кошула има на него и со четкичка е под кашачето. Под 100 денари е. Истрлаш кошула со него, оставиш да отседи и переш. Закон за кошули