Кој може да ми помогне околу прашањево.Дали може да се врши физичка делба на куќа,стан (просториите во куќата) не по катови туку на еден кат собите и кои документи се потребни за тоа ако може
Може, треба елаборат од градежен инжинер, за подетално пиши ми во порака не ми дава опција да ви пишам порака.
Каде може да најдам убави памучни црни хеланки? Прашање плус, да сподели некој искуство со овие хеланки од нама? https://nama.mk/proizvod/pamuchni-helanki-tsrni/ би ги порачала убаво изгледаат, ама скептик сум некако дека се само онлине и да не се проѕирни....
На пазарче можеш да најдеш вакви и за 150-200 ден. плус ќе можеш да го провериш материјалот. Јас имам многу вакви за по дома топ се.
Види во Waikiki. Од таму има земено црни и сиви пред 2-3 год. Цената беше 300 ден. Дали има се уште не знам.
Здраво девојки, некоја од вас да се занимава со blog writing/content writing и се околу тоа? Сакам да прашам нешто, не ми е јасно.
Има негде во МК да се најдат вакви заоблени (arch) огледала? Било за на ѕид или долго, за на под. Или во некои други интересни форми?
Дали знаете дали фукнционира електронското закажување на патни исправи на страната на МВР? Се утепав стискајќи дати и саати ама се нема термин.. можно ли е ?
Да сподели некој искуство, доста евтино ми делува? https://grouper.mk/deal/Online-kurs-jazik-po-izbor-lerni
Каде можам да најдам нетоксични бои за дрво? Мала количина ми требаат повеќе бои, како палета водени боици.
Да, но како што разбрав со професор се работи и сепак можеш да прашаш ако имаш нешто , а на нет повеќето се бесплатни до некое ниво и после се плаќа
На кој број закажувате во Систина, неколку дена вртам не можам да добијам на тој број на страната што им е
Дали од Телекабел може да се земи само пакет кабелски интернет, без кабелска ТВ? Бидејќи ги рекламираат како посебни пакети, а девојкава во продажниот центар ми рече не може едно без друго.