Знаете дали има карти за вечер за Трето полувреме? Не дека веруем да има, ама да не прашал некој денес за утеха да не останале 2
Во аеродром до 21 а во центар 22-23ч Спојлер (во центар сите точаци се испорасипани неможеш да најдеш точак )
Некој да не знае одприлика колку чини полагањето за кола ? Не барам да ми кажете фиксна цена туку од -до
Би требало на некој Институт за сексологија, кој би бил во склоп на Филозофски факултет. Но кај нас мислам дека такво нешто не постои. Постои и сексопатолог кој би требал да има завршено општа медицина и специјализација по сексуална патологија.
Зависи што ќе испитуваш - за обична крвна слика (од прст земање крв) не мора да си гладна. За се` друго - да, мора нејадена.
Да не знаете каде се подготвуваат само апликација за на торта, слика или како год да се вика... Сакам на брат ми да му направам торта Ајфон. Ќе направам торта и фондан ќе стокмам ама за одозгора ми треба... Еве вака сакам нешто да е тортата...
Како на англиски да кажам: Зајакот му рече на магарето: Имаш големи уши! Мислам некоја таква поговорка има ли, не верувам дека буквално се преведува?
Ако си од Скопје,во Аеродром во МЕТО може да се направат само слики.Пиши ЛП ако сакаш повеќе да ти објаснам
Viiiiip некој ми спомна дека постоело принтање на торти и дека тоа чудо го имало и кај нас, што ме изненади. Некој за нечиј роденден донел таква торта баш со некоја ајфон тема на апликација, прашав од каде ама не знаеа да ми кажат за жал, а и мене многу ме интересира некој ако знае да каже. SweetChild можеби таму во Аеродром прават такво нешто? Инаку сегде кај што прават убави декоративни торти (мој предлог е Канела), нели ги прават формите и декорациите од локум така да ако нарачаш таква торта ќе ја направат сигурно, но дали ќе сакаат само апликацијата да ја направат не знам. Вака изгледа принтањето на торта, веројатно со прехрамбени бои. http://www.youtube.com/watch?v=TWXgeUpQ ... re=related
^Не,тука не прават торти туку сликички за одозгора.На пример ти им носиш слика од ајфонот(не е битна големината) и утредента ти е готова сликичката за на торта.А мислам дека во Канела прават да биде цела торта таква
Avril.09 eве ти на сајтот criticism sayings. Одбери кога ти највеќе одговара. http://www.wiseoldsayings.com/criticism-quotes/
Во Канела прават само цела торта, а и доста ми е скапичко, 1500 ми бараат за 3/4 ролат... Јас чоколадна торта ќе си напраам дупла доза за 500-600 денари и слика ќе и ставам, не е некоја голема филозофија... Инаку јас и во Аеродром живеам... Баш ќе одам до Мето, уште одма... Фала многу