@Ahoy Ние имаме смарт веќе година дена од Сетек. Супер е до сега. Убаво работи, Нетфликс и Јутуб. Има и ви фи, некогаш поврземе со лаптопот. Има и за усб. Е сеа маана, нема скоро па ич меморија.
Тенкс. Меморијата мислам дека и не ми е нешто битна, повеќе ми е за Јутуб, Нетфликс и сл., и поврзување со Ви- Фи.
Само добар интернет и немаш гајле . Има разни опции. За светлина, за големина на слика, за јазици на обичната дигитална. За таа цена супер се.
Имаме во едната соба ST, не сум задоволна. Исто како да не е смарт, скоро со ни една апликација не е компатибилен. Плус има мртви пиксели после некое време. Имаме пријатели исто со ST, кај нив па сосема други апликации се компатибилни од нашиов. Генерално јас би си барала нешто со поголема компатибилност со Google Play.
Малце глупаво прашање, ама немам кого да прашам, како се рачунаат попустите со%? Колку ќе му дојде на 700ден, попуст 15%?
Ако попустот е 15% тоа е исто со 0,15. Помножи го бројот на калкулатор, значи 700*0,15 и така ќе го добиеш попустот. Потоа одземи за да ја видиш новата цена. Ако попустот е 10% множиш со 0,10. 20%=0,2 50%=0,5 5%=0,05 Се надевам дека јасно објаснав.
Другар има англиска возачка дозвола, но нема македонска. Дали со може со англиската и интернационална да вози во Македонија бидејќи годишно доаѓа 3 пати по 1 месец и нема потреба да полага отпочеток и за македонска или мора да има и македонска?