Има ли некој искуство со страницава? Порачав нешто уште во сабота, не ми стигна, им пишав, ми кажаа дека денес ќе ми ја достават порачката, но сѐ уште ништо нема. По грешка ми се прикачи сликата три пати и сега не можам да ги избришам.
Дечки, ве молам за мала помош.. Вчера за првпат си купив рипчиња да чувам, ама не знам како да им ја менувам водата.. Тие што работеа таму ми кажаа со една чаша да им ја вадам старата и да им оставам малце од таа вода во куглата да имаат додека им ставам нова и сабајлево така направив ама цела вода им е матна од претходната, што им останало храна изгледа.. Како да им ја сменам убаво да биде чиста?
Направи сама или купи мала мрежичка за фаќање на рипчиња. Во помал сад стави вода, фати ги рипчињата и префрли ги во садот. Потоа откако во големиот сад ќе ја смениш водата врати ги рипчињата назад. Инаку не знам дали знаеш, водата со која ќе ја смениш старата вода треба да е стоена 3-4 дена на собна температура значи да не е директно од чешма.
Јас вака правев. Имав два сада. Еден така помал еден поголем (од крем). И со помалиот ги фанам од аквариумот (со вода од аквариумот малку) ги ставам во поголемиот сад (кој има нова вода, чувана во шише во иста просторија каде е аквариумот). После исплакнам аквариумот ставам од новата вода, и вратам ги рибичките. Трае едно 5 минути се. Само моите рибички немаа долг живот. Им требало голем аквариум...
Дури сега ја гледам поракава Пиши ми ако си уште заинтересирана, работам со крзно и кожа имам моја фирма и правиме разни работи по нарачка
Здраво,не знаев каде да го поставам прашањето па го поставувам тука,секаде на интернет побарав но никаде не најдов научен калкулатор кој би имал complex mode+претворање од степени во радиани.Би бил благодарен доколку некој знае каде се продава ваков калкулатор,потребен ми е итно заради испити.
Ако земаш храна како парталчиња ќе се мати одма водата. Земај зрна. Инаку, мајка ми со лажица ги земаше, ги ставаше во филџан, им чистеше и пак назад. Водата треба да е “стара” неколку дена, ќе си полниш шишиња унапред...
Ако се од тие малите рипчиња ( мислам имаше постирано во др група) најдобро е да менуваш вода 2 пати на ден, така ми рекоја мене. И не ги оставај во соба со клима не сакаат менување нагло на температурата.
Дали дефинитивно е укинат прогресивен данок? Гуглав, ми излегуваат вести од лани дека само во мирување бил ставен законот, не најдов одлука или нешто слично.
Укинат е за 2020. За 2019 важи, што значи годинава треба да се плати за 2019, а догодина нема да се плаќа веќе. Освен ако не се донесе нешто ново, ама од УЈП вака кажуваат.
Здраво, каде можам да најдам или порачам онлајн табуретка ? Дали имате видено по фб некои интересни? ми треба за пред тоалета.
https://prnt.sc/tvm9zx ваков ми треба сличен,доколку можете да видите на едно од копчињата над eng има i,е тоа потоа со избор на моде комплекс,и shift+i,дава сметање на комплексни броеви.. Проверив во тримакс,клевер,просветно дело,офисе плус никаде не најдов.
https://www.officeplus.mk/Калкулатор-математички-Casio-FX-991EX-S-ET-V-Црна ете го, мислам дека е истиот. Пишува дека го има во office plus во Гостивар. Пробај да ги исконатктираш од office plus за достапноста или веднаш порачај го онлајн.
Да провериш на Битпазар? Имам од таму земено сличен, сега не знам дали ги има баш тие копчиња што ти требаат ама провери.