Има ли закон на кој можам да се ослонам за следново: населба со куќи залепени една до друга, измеѓу тесна уличка едвај човек со кола се разминува; едно пештерско семејство редовно си ја паркира колата со саати на уличката пред нивната куќа; секој пат проблеми за поминување, ако си со кола едвај се тргаат, па ги чекаш сто саати; ако си со точак, точакот на глава и ако пројдеш, пројдеш. Уште поголемото срање е што често се паркирани и 2-3 коли, другарчињата де. Законски, смеам ли да им викнам полиција и дали полицијата ќе ме сфати сериозно и ќе дојде да се разбере со неадренталциве? Пајак можда? Нема разговор со вакви примитивци, а и искрено не сакам да си го трошам времето и енергијата во обид на разјаснување. Всушност, не сакам да им ги гледам ни суратите гадни. А полиција дали ќе се позамара што некој копиљ си мисли дека јавната уличка е негов личен паркинг?
Доколку е блокирана улицата, пајак служба ќе мора да ги отстрани возилата. Веројатно и полиција да викнеш ќе реагира некако.
Дечки, каде би ми препорачале да направам тест за корона, во Систина или во Жан Митрев? Или во некоја трета? И колку пари е?
Само што завршив факултет-забен техничар, исто и пракса ми помина 9 месеци, е ми остана за државен испит да полагам (за лиценца е). Што треба прво после се ова дали да се пријавам? Што треба да се учи? Ако знаете нешто, пишете.
Како се викаат компаниите што вршат превоз? Пример, сакам да се преселам некаде во друг град но ми треба некој со кој може да ги пренесеме куферите, ако знаете како оди сето тоа пишете ве молам.
Кажете ми предлог за подарок (за машко), конкретно реквизит или било што за вежбање, фитнес ама до кај 1000-1500 денари.
Тегови, баскет или фудбалска топка(или каква било ако воопшто тренира спорт), ранец, ваучер можеш да му дадеш. VSCO
Јас последно земав од бит пазар во средно, некои 800 денари. Голем, со повеќе големи прегради, на мене ми требаше и за опрема, плус еден куп други ствари што ги носам со мене оти до денес излегувам со ранец секаде. Класичен црн, и доста издржлив излезе. Има доста избор, зависи каква замисла имаш. Ако не бараш марка, сигурна сум оти ќе најдеш. Но сега покрај пандемијата не знам каква е ситуацијата.
За луто млеко помага, да го пиеш ако во уста ти лути. А за раце, једино да ги ставиш во чинија млеко.
Се снајдов фала... Домат го расеков на пола и го тријав од рацете цел исто како да се мијаш раце со сапун и ми се смири малку лутината...